logo
logo
logo

Изетбеговиќ се за**нува со во*на: “Ако луѓето сакаат да ЖИВЕАТ , мора да бидат подготвени да УМ*АТ“

Vecer | 27.10.2021

Изетбеговиќ се за**нува со во*на: “Ако луѓето сакаат да ЖИВЕАТ , мора да бидат подготвени да УМ*АТ“

Политичарите од Република Српска остро реагирале после изјавата на претседателот на СДА Бекир Изетбеговиќ.

“Ако луѓето сакат да живеат, мора да бидат подготвени да ум*ат, ако сакаат мир, мора да бидат подготвени на војна. Тоа неизбежно право би тргнало од Брчко, на ентитетските линии, потоа таму каде што се повратниците, бидејќи ќе доживеат непријатност со што ќе мораме да ги заштитиме нив, државата и Брчко“, рекол Изетбеговиќ.

Вака зборувал Изетбеговиќ за време на гостување во федералните медиуми за можно избивање на војна во БиХ, повторно вознемирувајќи ја јавноста. Иако мислењето е дека до конфликт нема да дојде, но дека за такво нешто треба да се биде подготвен.

Претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ смета дека Изетбеговиќ со бомбастична изјава сака да го мобилизира меѓународниот фактор.

“Тоа се болни идеолошки изјави кои покажуваат дека во главата на Изетбеговиќ но и во други такви глави, живее војна и дека се во состојба да војуваат за конечно да дојдат до концепт на униратизација и доминација, за кое се спречени токму од Дејтонскиот договор. Тоа што тој ја плаши меѓународната јавност од некоја голема Србија, е ефтин трик, за да не се зборува за правење на муслиманска држава, замотана во концепт на некоја наводно функционална БиХ во која мултинационалноста би била сведена на декор кој ќе биде прикажуван пред надворешниот свет“- навела таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk