На Балканот има многу семејства на кои им е потребна нашата поддршка додека тие се борат за животот и здравјето на своите деца. На социјалните мрежи секојдневно читаме апели за помош напишани од родители чии деца за жал имаат лошо медицински дијагнози.

А токму таква поддршка во Србија им дава Јоланд Корора која секојдневно им помога на родителите чии дечиња се болни во рак. Имено, таа и самата поминала низ истата борба кога на нејзиниот тригодишен син му бил дијагностициран малигнен тумор на бубрезите. Па така. таа најдобро може да го разбере стравот и страдањето со кои се соочуваат овие родители. Овој пат таа решиа да се обрати на социјалните мрежи и уште еднаш да ја искаже својата поддршка на семејствата кои го поминуваат најлошото можно сценарио.

Пораката ви ја пренесуваме во целост:

Се надевам дека никогаш нема да ја слушнете реченицата “Вашето дете има рак”.

Се надевам дека никогаш нема да ги слушнете зборовите: “Жал ни е, но прогнозата не е добра”.

Се надевам дека никогаш нема да мора да го гледате вашето дете како го подготвуваат за хемотерапија, неговиот уплашен поглед кој чека да му кажете дека се ќе биде во ред.

Се надевам дека никогаш нема да морате да го држите вашето дете додека повраќа зелена жолчка и се надевам дека за ручек ќе не морате да му давата парчиња мраз.

Се надевам дека никогаш нема да морате да го гледате оној лек за кој сте се молеле да го добиете а кој го одзима идентитетот на вашето дете. Вашето дете без коса, кое наликува на скелет и се се помалку сила да се движи. И покрај се тоа дете ти вика “Ќе биде се во ред мамо”.

Се надевам дека никогаш нема да погледнете друга мајка која е сама и стуткана во болничкиот ходник бидејќи лекарите само што и соопштиле дека не можат ништо повеќе да направат.

Се надевам дека никогаш нема да видите семејсство кое стои и кое не знае каде понатаму бидејќи нивното дете само што умрело.

Се надевам дека никогаш нема да го видите вашето дете на маса за радиотерапија – таа мала глава врзана со ремени.

Се надевам дека никогаш нема да дознаете како е да го однесете своето дете дома во количка, бидејќи хемотерапија му ги оштетила мускулите, го преполовила за 15 килограми и е без коса и со уплашен поглед. Но и тогаш тоа дете ви вели да не се грижите и дека се ќе биде во ред.

Се надевам дека никогаш нема да морате да ги слушнете зборовите од оние малку пријатели кои ви останале а кои ви велат Фала му на Бога, сега се е готово, бидејќи вие знаете дека ништо не е готово, односно дека ова нема да трае долго.

Животот ви се претвора во круг на лекари, крвни тестови, магнетни резонанци, а вие се обидувате да живеете нормално, вкочаниети од страв дека некој од овие тестови може да каже “Ракот се врати”.

Се надевам дека никогаш нема да доживеете некоја од овие работи. Но затоа бидете им поддршка на оние кои страдатт, кои се борат, кои се плашат и молат секој нов ден, напишала Јоланд на Фејсук.