logo
logo
logo

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СРБИЈА КАЈ ПУТИН! Вучиќ патува во Москва, ова се темите за кои ќе разговараат...

Vecer | 15.10.2021

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СРБИЈА КАЈ ПУТИН! Вучиќ патува во Москва, ова се темите за кои ќе разговараат...

Вучиќ последен пат се состанал со Путин во јуни минатата година.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 25 ноември во Москва, неофицијално дознава Спутник.

Двајцата претседатели ќе разговараат за проблемите на Ксово и Метохија, за цената на гасот и за актуелната гасна криза во Еврипа.

Како за потсетување, Србија денес добива гас по цена од 270 динари за 1.000 кубни метри, додека неговата цена на берза ќе се движи помеѓу 1.000 и 2.000 долари. Се очекува дека Србија и по новата формула ќе добива гас по цена пониска од другите.

Претседателот на Србија последен пат се состанал со Путин во јуни минатата година, кога присуствувал на воената парада по повод одбележување на 75 годишнината од победата над фашизмот и Втората светска војна.

извор Србија Данас.срб.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk