Ако некој е пример за упорност и дисциплина тогаш сигурно е оваа 19 годишна девојка Река Забош. Имено, и покрај фактот дека српскиот јазик не е нејзин мајчин јазик, но и тоа дека своето основно и средно образование го завршила на унгарски јазик сепак Река не се откажала од својата желба – да аплицира на доброволна воена служба во Србија. Таа вели дека од малечка сакала да покаже колку е силна нејзината љубов кон татковината, а служењето војска е само еден начин како тоа да го направи.

Унгарскиот јазик и растењето во мултинационална војводинска средина како и совладувањето на српскиот јазик биле сами едни од пречките за да стигне до Првиот тренинг Центар во касарната “Аеродром” во Сомбор. Таа ја земала пушката и гордо ја облекла воената униформа.

-Јас сум патриот, имам 19 години и дојдов тука за да го научам српскиот јазик и да бидам професионален војник. Јазикот ми беше најтешкиот чекор кој морав да го совладам. Се уште не зборувам течно српски, но напредувам. Вежбам многу, читам книги, гледам серии со мајка ми и брат ми. Моите пријатели се горди на мене, изјави Река за РТВ.

Таа била заинтересирана за воена служба уште од мала, а за да и се исполни оваа желба и за да ја докаже својата љубов кон Србија морала да ослабе 25 килограми. Во спротивно, ќе не можела да влезе во припремите за обуката која следи.

-Секое утро имам утрински вежби, после нив појадок, потоа одиме на работа, па повторно имаме тренинг. На терен не е лесно, и постојано имаме трансфери. Најинтересно од се ми се вежбите за пукање. Пресреќна сум дека сум во одлична единица, сите сакаат да работат, се трудат максимално, условите во касарната се одлични и многу учам од офицерите, додава Река.

Нејзините колеги и претпоставени имаат само пофални зборови за Река и нејзината посветеност на секоја задача за време на воената обука.

-Војникот Река Забош помина одлично во оваа прва фаза на обука. Многу сум изненаден од нејзината мотивација и нејзината љубов кон татковината. На почетокот не ми беше јасно, бидејќи имав војник кој не знае српски јазик, но потоа на Река гледав како на предизвик. Морав да и помогнам и да ја насочам. Колективот ја прифати одлично, но и таа се снајде многу добро, вели поручникот Стефан Азириќ.

Иако по националност не е Србинка, Река вели дека Србија е единствената татковина за која ќе се бори доколку е потребно.

-Ја сакам Србија и сакам да и служам на Србија, заклучува Река.