logo
logo
logo

Избегавме од омразата и безнадежноста во нашата родна земја: Работиме за "Амазон" и имаме среќен живот!

Vecer | 12.10.2021

Избегавме од омразата и безнадежноста во нашата родна земја: Работиме за "Амазон" и имаме среќен живот!

Младата брачна двојка Емрах и Алма Софтиќ, поништени од атмосферата и настаните во родната Босна одлучиле да го променат својот живот и да ја бараат среќата во друга држава.

Па така тие денес живеат во Полска, каде работат за "Амазон", една од најголемите светски компании. Имено, двојката минатата година ја добиле својата ќерка Нејра, за која нејзината мајка вели дека е првата Босанка родена во Полска.

Тринаесетта плата

-Имаме одлични работни услови. Без притисок, без експлоатација, никој не ве прашува кога сте стигнале на работа, а се бара само она што се очекува од вас. Американскиот систем функционира одлично. А како работник имате право на бројни придобивки и бенефиции, како што е 13та плата, вели Емрах.

Сепак приказната за нивниот успех и среќен живот истовремено е и приказна на тага и разочарување од земјата од која потекнуваат.

Имено, двојката студирала на Универзитетот во Тузла. По завршување на истиот, тие имале работа но како што велат биле во депресија само поради лошата ситуација во државата.

-Не можев повеќе да ја издржам целовкупната клима во општеството – таа депресија и политичка безнадежност која владее со години во Босна. Го убедив Емрах да се иселиме. На крајот, сосема неочекувано тој доби работа во новосоздадениот развоен центар на Амазон во Полска. Решивме да си одиме и да си ја пробаме среќата во друга држава, вели Алма.

Таа и додава дека причината за нивната преселба не биле финансиите бидејќи и двајцата биле вработени. Но, она кое навистина и сметало е безнадежноста која владее во Босна. Константното ширење омраза од страна на политичарите и меѓунационалната омраза.

Како што вели, таа не планира да се врати во родната БиХ.

-По ова искуство во Полска не помислувам повторно да живеам во мојата родна земја. Не се пресудни парите, но мора да се случат некои работи за да би помислила да се вратам во Босна – на пример таа да стане граѓанска државата и наместо политички, да доминираат економски теми и општествен наратив. Па, сега вие одлучете кои се реалните шанси за јас да се вратам, додава таа низ смеа.

Нема назад

За животот во Полска вели дека е одличен и дека не може да се пожали.

-Живееме во преубав град кој нуди многу можности и друштвени настани. Фасцинантно е колку голем економски напредок постигна Полска. Кога ќе земете во предвид дека во 1990 година Југославија беше поразвиена од Полска, па погледнете каде се тие денес а каде ние посакувате само да плачете, додава Алма.

Како единствен проблем кој таа го чуствува во Полска е видливиот конзервативизам на полското население.

Но, патувањето на оваа брачна двојка не завршува во Полска. Тие наскоро ќе почнат да  градат нов заедничкиот живот во Луксембург, каде Емрах добил унапредување од страна на Амазон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk