logo
logo
logo

ЧУДО ПОСЛЕ ЗЕМЈОТРЕСОТ! Црквата Св. Никола не го издржала потресот, но ИКОНАТА ОСТАНАЛА ДА СТОИ ИСПРАВЕНА: Луѓето гледаат и се крстат (Фото)

Vecer | 12.10.2021

ЧУДО ПОСЛЕ ЗЕМЈОТРЕСОТ! Црквата Св. Никола не го издржала потресот, но ИКОНАТА ОСТАНАЛА ДА СТОИ ИСПРАВЕНА: Луѓето гледаат и се крстат (Фото)

Малата црква на Св. Никола се срушила од разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени кој денес го погоди Крит. Црквата која се наоѓа во Ситија, не можела да го издржи силното тресење на островот Крит.

Како што се гледа на фотографиите, црквата скоро е срамнета со земја, а само една страна на ѕидот не е срушена.

Она што е необично, само една икона останала да стои среде рушевините.

Како за потсетување, во земјотресот кој кон крајот на септември го погоди Крит, еден работник загина во црквата Св. Илија кога куполата се срушила на него.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk