logo
logo
logo

БИВША СОВЕТНИЧКА НА КОЛИНДА ШОКИРАЛА: “Кој е против претепување, нека ги вдоми“ (+18 видео)

Vecer | 12.10.2021

БИВША СОВЕТНИЧКА НА КОЛИНДА ШОКИРАЛА: “Кој е против претепување, нека ги вдоми“ (+18 видео)

“Сите мислат дека полицајците постапиле непримерно штитејќи ги граѓаните на Хрватска од илегални влегувања, предлагам да се јават во МВР и да ги вдомат и да одговараат за идните постапки на тие мигранти“, навела таа на својот Фејсбук.

Поранешната новинарка и советничка на Колинда Грабар Китаровиќ, Мирјана Хрга на својот Фејсбук- профил објавила снимка во која се гледа како полицајци тепаат мигранти.

“Сите кои мислат дека полицајците постапиле непримерно штитејќи ги границите на Хрватска од илегални мигранти, предлагам да се јават во МВР и да ги вдомат и да одговараат за понатамошно постапување со тие мигранти“, навела на својот ФБ профил.

“Не сакам илегално да влегуваат во мојата земја и без која било причина да шетаат по улиците на нашите градови, со оглед на тоа дека на овој начин како што тоа го замислиле, притоа во една друга земја не можат да влезат“, напишала Хрга.

За потсетување, минатата недела се појави снимка на која се гледа како хрватски полицајци облечени во јакни без назнаки на службата со пендреци тепаат мигранти. Поради тоа тројца припадници на интервентната полиција тргнати се од должност, пренесува порталот Индекс.хр

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk