logo
logo
logo

Епидемиолозите бараат, но Србија нема да воведе построги ковид-мерки: Одење на свадба е одење да се заразите!

Vecer | 06.10.2021

Епидемиолозите бараат, но Србија нема да воведе построги ковид-мерки: Одење на свадба е одење да се заразите!

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ рече дека по седницата на Кризниот штаб, земјата ќе продолжи да ги применува постоечките мерки против ковид, иако медицинскиот дел од составот барал да се усвојат многу порестриктивни мерки.

„Одлучивме да соопштиме дека медицинскиот дел на Кризниот штаб бараше построги мерки, но одлучивме да продолжиме со она што сега е на сила како мерки против ширењето на ковид, а во исто време да се продолжи со масовната вакцинација, бидејќи само тоа е начин да ја сопреме епидемијата“, изјави Брнабиќ.

Лекарите кои се членови на Кризниот штаб во Србија барале да се воведе десетдневна забрана за собири на повеќе од пет лица, а после 17 часот да се затворат сите несуштински бизниси и доколку тоа придонесе за намалување на бројот на новозаразени да се воведат и ковид-пропусници.

Епидемиологот и член на Кризниот штаб на Србија, д-р Предраг Кон, вели дека не разбира зошто не биле прифатени нивните предлози.

„Не знам што беше контра-аргументот, особено за ковид-пропусниците. Едноставно, не го разбирам и некој друг тоа мора да го објасни“, вели Кон за РТС.

Тој додава дека нивните предлог-мерки би придонеле за да се спречат масовни инфекции и би ги подготвиле луѓето за ковид-пропусниците, иако епидемиолозите барале воведува на вакви сертификати многу порано.

Според Кон, медицинскиот дел од Кризниот штаб побарал нивното одбиено барање да биде јавно објавено, атоа и го направи премиерката Ана Брнабиќ.

„Не можам да си разјаснам самиот себе си што слушав и не сакам да згрешам“,рече Кон.

Тој, како и премиерката Брнабиќ, посочи дека заклучокот од денешниот едночасовен состанок на Кризниот штаб е дека нема друг излез од епидемијата освен вакцинацијата против коронавирусот.

„Како епидемиолог, имам право да им кажам на луѓето, ние во медицинскиот дел на Кризниот штаб не го баравме залудно тоа што го баравме. Вирусот циркулира, а поради лошата епидемиолошка ситуација, одењето на масовен настан, како што е свадба, е одење да се заразите“, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk