logo
logo
logo

Даниела живеела во САД и правела накит за холивудски ѕвезди: Мистеријата со жената најдена во Хрватска се уште трае

Vecer | 24.09.2021

Даниела живеела во САД и правела накит за холивудски ѕвезди: Мистеријата со жената најдена во Хрватска се уште трае

Хрватската полиција во вторникот навечер од чешките колеги добила информации кои би можеле да го расветлат идентитетот на жената пронајдена на 12-ти септември, која била пронајдена на непристапен терен на Крка, а порталот "Index.hr" неофицијално пренесува дека станува збор за 57-годишната словачка државјанка Даниела Адамцова.

Жената била пронајдена крвава на Крка и не сеќавала на ништо. Зборувала течно англиски, а за нејзиниот случај дознал целиот свет. Додека полицијата го потврдува нејзиниот идентитет, "24sata.hr" пишува дека повеќе луѓе од Чешка и Словачка кои ја виделе фотографијата рекле дека станува збор за Даниела Адамцова, и ја изнесува нејзината животна приказна која уште во 2008-ма година ја објавил словачкиот портал "Mytrencin.sme".

Даниела, како што се наведува, е родена во Транчин во Словачка и на 19 години отишла во САД. На своето семејство во последните моменти му кажала дека оди во САД и ја повикала својата сестра да и се приклучи.

Но, таа ја одбила и Даниела заминала сама. Се нашла во Лос Анџелес, каде на почетокот и било многу тешко. Првите три месеци барала сместување и учела англиски јазик, а по една година почнала да работи во агенција за недвижнини.

Потоа одлучила да се занимава со дизајн и запишала студии, специјализирајќи изработка на накит, а посебно сакала да работи со дијаманти. Се вработила во златарница, а еден нејзин пријател ја поврзувал со луѓе во филмската индустрија.

Набрзо нејзините креации ги носеле и холивудските ѕвезди. Даниела почнала да прави накит за филмови и серии. Меѓу актерките кои го носеле нејзиниот накит се Дајен Рос, Брижит Бардо, Барбара Стрејсенд...

Даниела вели дека талентот за изработка на накит го наследила од својот татко. Кога популарноста и пораснала, Даниела почнала да го праќа својот накит на изложби ширум светот, во Јапонија, Кина и САД. Во родната земја се вратила во 2000-та година по разводот со сопругот, кого го запознала во САД.

И во Словачка продолжила да се занимава со накит, а повремено размислувала да се врати во САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk