logo
logo
logo

ИСПОВЕДТА КОЈА ГИ СКРШИ СРЦАТА НА БАЛКАНЦИТЕ:

Сакате да знаете како изгледа животот на луѓето со минимална плата? Што јадеме? Епа подгответе се!

Vecer | 17.09.2021

Сакате да знаете како изгледа животот на луѓето со минимална плата? Што јадеме? Епа подгответе се!

Животот на минимална балканска плата, за жал подразбира преживување и живот на раб на егзистенцијата. Живот со долгови за комунални услуги и без доволно пари за нормални потреби како што се храна, сокови, нова гардероба или некој други видови на потрошувачка. А кога станува збор за 16 илјади денари сите овие работи се сметаат за луксуз.

Па така, еден човек од Србија на форумот Редит отворил "Пандорина кутија на емоции". Тој ги прашал своите следбеници како живеат со минимална плата, а одговорите што следеа само му ја зголемија грутката во грлото. Веројатно и самиот тој не очекуваше дека ќе добие толку сурови вистини врзани со секојдневието на оние кои живеат со минимална плата.

-Отсекогаш ме интересирало како е да се живее со минимална плата во Србија. Имам пријател кој живее сам, плаќа сметки, храна и секој втор ден купува балон вода бидејќи водата во Зрењанин не се пие. Поголемиот дел од неговата минимална плата му оди на храна. Па би сакал да ги слушнам искуствата на луѓето кои се во слична ситуација, кои живеат сами со минимална плата. Како живеете? На што најмногу ја трошите платата? Колку пари ви остануваат за свои потреби?, гласи постот на Србинот.

Првиот одговор слободно може да се каже дека бил најтежок за читање и тоа бидејќи на најсуров начин ја прикажува сиромаштијата со која се соочуваат голем дел од семејствата на Балканот.

-Живеев така се додека не тргнам на факултет и почнав да работам. Мајка ми и јас живеевме од нејзината пензија, која се уште не надминува 200 евра. На пример, никогаш не носев џепарлак во училиште бидејќи немавме пари. Седев гладен на училиште и трпев дур не дојдам дома. Немаше грички и сокови за мене. Оброкот беше секогаш најевтиниот. Облека најчесто купувавме од second shop или пак чекавме некој да ни поклони. Па така и ми остана навика да не обрнувам внимание на облеката. И денес кога имам една обична програмерска плата купувам од вакви продавници. За екскурзии јас секогаш бев тој кој добиваше бесплатно патување.

А кога искачав, најчесто гледав да имам собрано пари за едно пиво. Среќа никогаш не сум пушев цигари, па тој трошок го немам. Сметки плаќавме кога како. После некое време ќе дојдете во ситуација кога мора и тоа без одлагање да платите некоја сметка како што е електрична енергија. Секогаш гледавме да го одложиме она што може да се одложи или пак баравме рефинансирање на долгот. Секојдневно го молиш Бога да не стигне уште едно писмо од извршител. Инаку со овие пари немаш простор ништо да направиш – па така дома прозорците ни скапуваа, паркетот беше кренат, плочките паѓаа од ѕидовите, а покривот протекуваше. И така постојано бараш заем, од банки, роднини, пријатели. До тој степен што откако се вработив ми беа потребни години за да ги вратам долговите. Се на се – да не се повтори. Но трудот и посветеноста се исплатија. Се измачив на факултет, на почетоците имав многу мала плата, но сега имам нула долгови. Сопственик сум на стан кој е во процес на реновирање, се оженив и станав татко. Успеав да ги остварам 90 отсто од работите за кои сонував како дете, гласи еден од коментарите.

А по оваа приказна, на постот на Србинот се јавија уште неколку луѓе кои решија да ја споделат тешката судбина за време на нивните тинејџерски и студентски денови.

-Ох брат, речиси идентична приказна како мојата. Колку години ми требаа само да ги вратам долговите. Секој ден борба и секоја чест за истата, се вели во еден од коментарите.

Останатите коментари пак се однесувале на тоа дека најголемиот дел од минималната плата се трошоци за превоз, сметки и храна.

Судејќи по одговорите се чини дека храната е најголемиот товар. За некои од нив спасот бил во ужината која ја добивале на работните места.

-Јас добивам оброк на работа и тоа за мене е многу важно. Трошам пари на храна и цигари. Ништо не купувам за себе, ниту патики, ниту маици или фармерки – најчесто добивам од некого. Последната работа што ја имам купено за себе се слушалки и тоа бидејќи ми беа потребни, вели еден Редит корисник.

Дел од нив пак решиле да споделат и тактики како да се заштеди кога станува збор за храна.

-Дојдов во ситуација кога морав да штедам и тоа бидејќи поголемиот дел од мојата плата ми одеше на храна. Едноставно не обрвнував внимание но после тоа сфатив дека вака не можам да преживеам. Па така решив да импровизирам и да правам оброци од тоа што имам во фрижидер. Луѓе мои па не сте свесни колку вкусни и евтини оброци можете да зготвите. Има на јутуб видео кои гласат како да живеете со 30 долари неделно каде луѓето купуваат намирници за толку пари и со тоа храна живеат една недела. Искрено ова мене многу ми помогна, вели една корисничка на Редит.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk