logo
logo
logo

Од што се плаши просечниот Балканец: Промајата, "со мокра коса надвор" и ладен бетон не се единствените непријатели

Vecer | 13.09.2021

Од што се плаши просечниот Балканец: Промајата, "со мокра коса надвор" и ладен бетон не се единствените непријатели

За некого се приказни од нашите баби, но за други пак, се сериозна опасност. Но, се чини дека не можеш да се наречеш Балканец доколку не си исплашен од терминот "промаја" или пак го избегнуваш ладниот бетон како место на кое можеш да седнеш. А и не сакаш да излезеш од дома со мокра коса и покрај тоа што надвор е 35 степени.

Вистината е дека голем дел од овие опасности доаѓаат од нашите баби и дедовци кои за време на нашите детства не предупредувале и ни посочувале од што треба да се чуваме. А токму овие опасности неодамна биле предмет на дискусија на Редит каде корисниците потсетиле кои се најголемите "непријатели" на балканскиот поточно српскиот народ.

Отворен прозорец или отворена врата, општо познато како поим промаја е чудна појава која не заобиколила ниту еден член на балканските семејства. А корисниците на Редит се сложиле дека токму промајата е најголемиот непријател на Балканците.

-Тука има некоја вистина. Секогаш кога сум на промаја јас настинувам. Верувам во промаја. Секогаш ме стига. Или ми страдаат грбот и рамењата или вратот. А после тоа имам силни болки, се само дел од коментарите на Редит корисниците.

Ќе добиеш воспаление на мозок

И како што е чест случај, во речиси секое балканско семејства има по еден член кој предупредува на воспаление на мозок – кое се случува кога ќе излезете од дома со мокра коса.

-Со мокра коса надвор никако! Без разлика што надвор е 35 степени. Ти мораш да ја измиеш косата навечер, да преспиеш и дури сабајлето да излезеш, се само дел од коментарите на Редит корисниците.

Другиот дел од коментарите се однесуваат на навиките околу тоа дека носење папучи по дома е задолжително. Бос/а по паркет или плочки не се гази, ниту пак се пие ладна вода доколку телото ви е загреано.

Ѓаволот никогаш не спие

Помислата дека сме го заборавиле бољерот вклучен додека се тушираме може дополнително да не истрауматизира и да не присили да искочиме мокри од бањата за да провериме дали е исклучен.

-Кога силичката свети црвено бољерот не треба да работи. Всушност, никој не знае да даде конкретен одговор на прашањето зошто е тоа така. Во денешно време бољерите се многу поразлични од минатото. Не постои опасност и мислам дека е бесмислено, вели еден Редит корисник.

Универзалниот лек

"Те боли грло? Напиј се една ракија. Те боли коленото? Измасирај се со ракија. Имаш температура? Намачкај се со ракија. Ментални проблеми? Напиј се ракија?", ова се само дел од прашањата на Редит чии одговор го содржи зборот ракија.

А еден од корисниците понудил и "научно објаснување".

-Она што е најсмешно е дека ракијата навистина помага, но не онака како што мислат луѓето. Етанолот е главната состојка во овој напиток, односно она кое ние го нарекуваме алкохол. Етанолот испарува лесно и носи топлина со него, така што вие добивате чуство на ладење кога ќе ставите ракија на рака и ќе ја пуштите да се исуши. Кај болното грло таа го лади тоа место и делува како ладна облога. Изгребано колено? Ракијата е одлична за дезинфекција во вакви случаи, пишува тој.

А доколку ракијата не делува тогаш можеме да пробаме со листови зелка или свинска маст 😊

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk