logo
logo
logo

ЗАСТРАШУВАЧКИ СНИМКИ ОД ПОЖАРИТЕ ВО ТУРЦИЈА! Туристите се евакуираат со чамци, 8 загинати (видео)

Vecer | 02.08.2021

ЗАСТРАШУВАЧКИ СНИМКИ ОД ПОЖАРИТЕ ВО ТУРЦИЈА! Туристите се евакуираат со чамци, 8 загинати (видео)

Во големите пожари кои ја зафатија Турција, загинале осумина лица. Оттаму пристигнуваат застрашувачки снимки кои покажуваат евакуација на туристи со чамци и бродови.

Како што јавува Би-би-си, повеќе од 120 пожари ставени се под контрола, но пожарникарите и понатаму се борат со седум пожари.

За време на викендот туристите, вработените во хотелите и локалното население морале да се евакуираат по морски пат од популарните одморалишта Бодрум и Мармарис, каде што за помош пристигнале и приватни сопственици на чамци и бродови.

Жителка од Мармарис на прашањето дали пожарите се виновни за годинешниве жештини рекла: Не нам. Нешто е сосема поразлично.

- Вакво нешто не сум видела. Прво имавме помали пожари, но вакво разорување не сум видела никогаш, рекла таа.

Инспектори се обидуваат да утврдат дали некои од пожарите се подметнати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk