logo
logo
logo

МНОГУМИНА ТОЈ ПАТ ГО СМЕТААТ ЗА ПРОКОЛНАТ, загина Тоше Проески а денеска десетина луѓе

Vecer | 25.07.2021

МНОГУМИНА ТОЈ ПАТ ГО СМЕТААТ ЗА ПРОКОЛНАТ, загина Тоше Проески а денеска десетина луѓе

Тоше Проески настрадал во сообраќајна несреќа 2007 година на автопатот Загреб- Липовац на влез во Нова Градишка, на истиот пат каде што утрово се случила тешка сообраќајна несреќа во која повеќе луѓе го загубиле живото.

Дел од автопатот на кој загина и Тоше Проески е најопасен што потвруваат статистичките податоци на полицијата.

Тука се случуваат необјасниви сообраќајни несреќи, а официјалните полициски статистики бројат повеќе од 2000 несреќи кои на овој дел од патот се случиле во последните 10 години.

Поедини тврдат дека баш тој пат е проколнет.

Тука се случуваат неразјаснети несреќи кои само се редат.

Сведочења на преживеани од сообраќајните несреќи туку на овој дел од патот тераат страв во коски.

На истото место се случила и денешната несреќа.

Автобус на автопатот А3 кај Словенски Брод утрово слетал од патот при што загинале најмалку десетина лица додека повеќе од 30 се повредени, соопштила бротско-посавската полиција.

Полицијата извршила увид за да утврди како е дојдено до несреќата, пренесува Јутарни лист.

- Освен полицијата, на местото на несреќата дошле и пожарникари, а брзата помош доаѓала неколку пати бидејќи 30 лица биле префрлени во болница.

Како неофицијално дознаваат хрватските медиуми, возачите на автобусот се одморале половина час Брегане. Потоа замениле.

Се претпоставува дека на несреќата и кумувал заморот на возачот. Меѓу загинатите е и еден од возачите, кој во тој момент не возел автобус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk