logo
logo
logo

Во маркет во Грција касиерката ми рече дека цените за Србите се различни: Кога ми ја кажа причината, двете почнавме да плачеме!

Vecer | 21.07.2021

Во маркет во Грција касиерката ми рече дека цените за Србите се различни: Кога ми ја кажа причината, двете почнавме да плачеме!

Србинот Никола ги замолил своите следбеници на Фејсбук да ги споделат нивните случки од летните одмори во минатото или од годинава, но она кое тој не го очекувал е дека бројката на коментари ќе биде над стотина. Имено, стотиците коментари се само уште еден доказ за тоа дека Грција е омиленото место за српските туристи.

Веројатно не постои подобар начин за собирање на информации од социјалните мрежи. Доколку сакате да го поминете својот одмор на некоја далечна егзотична дестинација тогаш потребно е само да се зачлените во вистинската група и да добиете совети и искуства од прва рака.

Па така, србинот Никола во групата “Во живо од Грција” ги замолил членовите на истата да ги споделат нивните искуства и настани кои им се случиле додека летувале во соседната земја.

Коментарите – чисто злато!

Српски Блиц издвои неколку коментари кои заслужуваат да се прочитаат неколку пати.

Меден месец како од сценарио на "Преживеани"

-Во 2016 година заминавме на меден месец во Кефалонија. Не успеавме да резервираме траект и го испуштивме последниот за тој ден на Лефкада. Сместување за таа вечер не најдовме па бевме принудени да спиеме во кола на една од плажите на Лефкада. Сопственичката на апартманот кој го имавме резервирано на Кефалонија никако не успеав да ја добијам за да и кажам дека ќе дојдеме ден подоцна. Сабајлето се качивме на траект за да дознаеме дека маж ми пати од морска болест. Стигнавме во Фискардо и се движевме по патот кој ни го покажуваше навигацијата. По часови возење по брда и планини конечно стигнавме во апартманот – газдарицата беше прекрасна. Ни го продолжи престојот за три дена бидејќи и беше жал како ни тргна медениот месец. Додека бевме на островот, јас паднав од карпа, односно пропаднав во сува трева. Среќа поминав само со гребнатинки. Ден пред поаѓање назад, на паркингот на плажата Антисамос удривме во друг автомобил кој го возеше девојче од Атина. Среќа успеавме да се спогодиме. Меден месец од соништата!

"Не", а уствари "Да"

-Бев многу мал, а татко ми ме прати во продавница да купам јогурт. Прашувам дали имаат, а бабичката внатре ми вика не. Таа ми вика не, а јас упорно повторувам. Излегувам од продавницата мислејќи дека нема јогурт, а таа позади мене трча со јогуртот во рака. Ах тој грчки јазик – никогаш не го научив.

Романтика на ниво

-Маж ми и јас се венчавме во Волос. Бевме сместени во Агиос Јоанис во еден стан кој беше во сопствеништво на Кетрин и нејзината ќерка. Секое утро ни оставаа свежо овојшје на тарасата а кога ќе се вративме од плажа не чекаше романтично украсена соба, ливчиња на креветот, вино и слатки.

Згазив на еже и помош добив кога најмалку очекував

-Имав околу 10 години. Стапнав на еже во водата и едвај стигнав со сместувањето, односно куќата во која имавме изнајмено две соби. Газдарицата ме виде дека тешко одам и ја праша мојата мајка што се случило. Кога мајка ми и кажа таа веднаш донесе игла, салфетки, некакво масло и два саати ми ги вадеше трнчињата. А за да не бидам исплашена таа два часа ми зборуваше иако знаеше дека јас ништо неможам да ја разберам. Никогаш нема да ја заборавам таа трпеливост, љубезност и тој смирен глас. Знам дека овој гест на многумина нема да им значи ништо, но на мене и мојата мајка ни значеше многу.

Ти си дете на Смилка?

-Пред неколку години на патување во Едеса го повредив скочниот зглоб. Се вратив од плажа, а повредата се олади и јас буквално не можев да направам ни чекор. Се мислев кого да застанам и одеднаш видов автомобил како се паркира со белградски таблички. Го прашав дали би сакал да ме однесе до вилата во која бев сместена, а тој ме праша дали сум дете на Смилка. Кога го погледнав подобро сфатив дека тоа е мојот сосед. Смилка е инаку мојата мајка. Додека ме возеше до мојата вила ми кажа дека тој и неговата сопруга се враќаат дома следното утро. Оваа случајност е само уште една потврда  за тоа колку е мал светот.

Поздрав, Петровиќи!

-Една година бевме сместени во Неа Пори и цело лето се дружевме со едно семејство од Земун. Последниот ден некако случајно се разидовме и не успеавме да размениме телефонски броеви. Многу ни беше жал бидејќи навистина станавме пријатели. Наредната година, додека чекавме на граница за влез во Грција погледнав на ретровизорот и не ми се веруваше. Во автомобилот позади нас беа они. Поздрав Петровиќи, каде и да сте!

Србија, брате!

-Седнавме во една таверна управувана од Србинка. Нарачувам пилешко, а сестра ми се мачи на англиски да нарача свинско и нешто друго. Келнерот ја слуша и ја чека за да на крај на српски и каже: Ќе ти донесам свинско и збори на српски за да те разбере цел свет!

Лекција за цел живот

-Работев во еден ресторан во  Агиа Триада. Келнерот кој работеше со мене ми ја раскажа својата приказна. Тој мораше да му ја дава својата плата на поранешниот шеф се додека не му ја отплати штетата. Верувале или не, му го запалил ресторанот. Како? Ми пријде кога ги тресев пеплниците во кантата за ѓубре и одма фрли вода во неа. Тој вели дека истото го правел и он, бидејќи сите пикавци биле изгаснати. Но, за жал една пура продолжила да тлее. Сите си отишле дома а ресторанот изгорел.

За Срби цените се различни

-Влегувам во продавница на Крф да купам маслиново масло. Жената од каса ми рече да почекам 5 минути да се испразни дуќанот. Ми пријде и ми кажа дека цената на маслото за Србите е друга. Ја прашав зошто а таа ми ја раскажа нејзината семејна приказна. Таа страшна зима, нејзиното семејство живеело во селото Ипсос и го следеле движењето на српската војска иако на почетокот не знаеле што точно се случува. Изгледало како инвазија бидејќи крајбрежјето било полно со луѓе. Селаните биле исплашени. Едно утро, нејзиниот дедо им рекол на селаните дека ќе се симне доле да види што се случува, а доколу не се врати тогаш тие да бегаат во планината. Кога се симнал видел ужасни сцени на гладни и мачени војници, а меѓу нив имало и деца. Тој се вратил во селото и заедно со другите жители од селото извадиле се што имаат од залихи во подрумите. Ги натовариле магарињата и се симнале доле. И така поминала зимата во април 1916 година. Двете се прегрнавме и плачевме како да сме се нашле после 100 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk