logo
logo
logo

НОВИ ПРАВИЛА од понеделник: Што е потребно за патување на островите во Грција?

Vecer | 02.07.2021

НОВИ ПРАВИЛА од понеделник: Што е потребно за патување на островите во Грција?

Сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР или рапид тест, од понеделник ќе бидат задолжителни за патување на грчките острови, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката, базирана на препораката на Комисијата на епидемиолози, попладнево ја соопшти заменик- министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, кој објасни дека од 5 јули, за оние кои имаат сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 нема да има рестрикции, додека пак за останатите задолжителен е негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 48 часа пред поаѓањето.

Децата до 12 годишна возраст ќе патуваат слободно, а за оние од 12 до 17 години, потребен е било каков тест, вклучително и селф тестот, односно тестот за домашна употреба.

За враќање од островите, Хардаљас рече дека постои препорака сите над 12 годишна возраст да прават селф тестови.

Досега, на островите, можеше да се патува и со направен тест за домашна употреба, откако граѓаните, резултатот го пријавуваа на специјален сајт.

Освен неопходните документи поврзани со Ковид-19, за патување со брод на грчките острови, задолжително е и пополнување на специјален формулар, достапен на https://sea.travel.gov.gr/#/. (МИА)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk