logo
logo
logo

“Се вакцинирав во Ниш и знаете што ми кажа српската полиција на граница?” Исповедта на Хрватицата за која збори цел Балкан

Vecer | 24.06.2021

“Се вакцинирав во Ниш и знаете што ми кажа српската полиција на граница?” Исповедта на Хрватицата за која збори цел Балкан

Зинка Бардиќ од Хрватска е една од 22 илјади страци кои беа вакцинирани во Србија до минатата недела.

Зинка за српски "Блиц" го опиша своето искуство и тоа од самиот почеток – од процесот на аплицирање, вакцинирањето, до добивањето на сертификат и заминувањето од Србија.

-Се чувствувам одлично по примената вакцина. И моите родители добија "АстраЗенека" пред 10тина дена, Мајка ми имаше нус појави, а татко ми помина без никаква реакција. Оттаму мислев дека ќе имам и јас – меѓутоа досега се осеќам одлично. Ќе проверам антитела за две три недели. Проверка на антитела ни стана главен спорт, а од овој спорт приватните лабoратории се наполнија со пари, вели Зинка за "Блиц" и додава дека е свесна дека освен антитела постои и клеточен имунитет кои може да не одбрани од вирусот.

За опцијата да се вакцинира во Србија знаела уште од сам старт, а за истото се информирала од медиумите.

-Не се пријавив одма. Сакав најпрвин да им отстапам место на постарите и болните државјани на Србија. Мојот сопруг се пријави и доби порака со термин. Веднаш пополнив и јас формулар и мислев дека ќе треба да поминат најмалку месец дена за да ме викнат на вакцина меѓутоа ми пристигна смс порака уште наредниот ден. Се пријавив за да се вакцинирам во Сремска Митровица бидејќи е најблиску до граница, но бев поканета да дојдам во Ниш, вели таа.

На Зинка и биле доделена вакцината "АстраЗенека" но на неа воопшто не и пречело бидејќи како што вели не се плашела.

-Ризик постои секој пат кога ќе влезете во автомобил, без разлика дали возите или не. Кој може да ви гарантира дека некоја пијана будала која вози нема да ве удри и да ве убие? Мислам дека аспиринот има поголем ризик – оној што се препорачува да се пие после вакцинирање, додава Зинка.

Некои ме навредуваат, а некои ме нарекуваат храбра

-Се обидов да немам луѓе во мојата околина кои ќе ми шират негативна енергија, омраза и кои своите фрустрации ги лечат врз други. Какви сте кон другите, такви сте и кон нас – тоа е моето мото. Непознати луѓе ми пишуваат во инбокс и ме прашуваат за совет, дали потврдите се признаени и слично. Некои ми велат дека сум храбра, а некои ми земаа за зло, па оттаму и сакав да го напишам овој текст со цел да поттикнам и други луѓе да го сторат истото, раскажува Зинка.

Иако речиси сите балкански медиуми го споделија нејзиното искуство секако постојат и онакви кои ја критикуваат нејзината одлука – особено кога станува збор за друга нација.

-Свесно сакав да го пренесам моето искуство и да им дадам до знаење на сите Хрвати дека можат да го сторат истото. Јасно ми беше дека треба да патувам километри за да се вакцинирам и тоа во друга држава но едноставно морав да го направам тоа. Никој не знае колку долго ќе трае заштитата од вакцината, но доколку сите се вакцинираме што е можно побрзо тогаш барем малку ќе го спречиме ширењето на новите соеви. Вакцината, без разлика за која станува збор е една од најголемите достигнувања во науката, додава таа.

На крајот и открива како поминала на српската граница.

-Кога ја напуштав Србија, граничната полицајка ме праша што правев во Србија. И реков “се вакциниравме”. Со најљубезна насмевка ми посака пријатен пат и ми порача “Внимавајте на себе наредни три недели и среќен ви пат”. Еве ова е крајот на мојата приказна, завршува Зинка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk