logo
logo
logo

Пензионер од Босна чува две диви мечки цели 15 години: Не би ги продал ни за милион евра!

Vecer | 24.06.2021

Пензионер од Босна чува две диви мечки цели 15 години: Не би ги продал ни за милион евра!

Пензионерот Емин Љутиќ од Ускопље повеќе од една деценија чува две необични миленичиња . Имено, на овој човек во пензионерските денови друштво му прават две диви мечки, Лака и Гвид кои заедно со неговите други животни живеат во домот на Емин кој се наоѓа покрај брегот на реката Бистрица.

Тој признава дека досега за нив потрошил повеќе од 150 илјади марки, а освен за мечките тој се грижи и за неколку кучиња и риби.

Емин открива дека за двете мечки потребни се 40 килограми храна на ден. Но и покрај големите трошоци, тој секогаш се труди тие да имаат разновидна храна, па оттаму ги храни и со пченка, банани, разни билки, кисели пиперки и јогурт кој верувале или не мечките го пијам сами, од шише.

Лаку и Гвидо ги купил од ловџиите кои ја убиле нивната мајка. И покрај фактот дека грижата за нив може да биде многу тешка сепак Емин вели дека никогаш не би ги продал, за ниедна сума на пари. Тој и додава дека добива постојана помош од локалните месари кои му го даваат непродаденото месо. Соседите пак секогаш се расположени да го почастат со круши и мед.

Сите животни на Емин реагираат на неговите команди и скокаат во неговите раце со само еден збор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk