logo
logo
logo

Александар цели 10 години не облекол чевли: Оди бос по снег, дожд, стакло, низ улиците на Берлин, Швајцарија, Србија...(ВИДЕО)

Vecer | 24.06.2021

Александар цели 10 години не облекол чевли: Оди бос по снег, дожд, стакло, низ улиците на Берлин, Швајцарија, Србија...(ВИДЕО)

Александар Манчиќ (39) од Пожаревац пред повеќе од 10 години решил да ги фрли чорапите и чевлите и да проба да чекори по улица бос. Но оттогаш не прекинал и тоа без разлика дали надвор врне дожд, снег или пак асфалтот е 100 степени.

На овој млад човек едноставно му е сеедно.

-Многумина се обидуваат да сфатат зошто го правам ова. Нема што да се разбира – едноставно решив така. Одамна размислував да почнам да одам секаде бос, но искрено се срамев. Се мислев што ќе кажат другите, што ќе мислат другарите. Па така во далечната 98 година решив да излезам пред зграда бос и да прошетам. По прошетката седнав во воз и тргнав накај Белград. Го прошетав Белград бос бидејќи таму никој не ме знае, вели Александар.

Реакциите на луѓето биле различни, но како што вели воопшто не им обрнувал внимание.

-Најпрвин ме гледаат со сожалување, мислат дека сум бос бидејќи немам пари да си купам чевли. Па потоа ми велат да не одам бос бидејќи ќе настинам. Но јас никогаш ама никогаш не настинав. Мене ми е најважно да ми е душата најубаво, а не на другите, вели тој.

И така Манчиќ оди бос по трева, афалт, бетон, кал...и вели дека тоа чувство не би го менувал за ниту едно мислење. Бос ја прошетал Москва, Берлин, Швајцарија, Турција и цела Србија. Сепак постоеле места каде влезот му бил забранет.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=JUbDDTdm8es&feature=emb_title[/embed]

-Ми остана само уште во авион да отидам бос. Бев по јавни институции, општини, пошта, театри, вели овој млад човек.

По една деценија одење бос, тој решил да посети лекар се со цел да се прегледа,

-Прв пат се соочувам со оваа пракса – досега сум немал вакви случаи. Јас дури не ни знаев дека има човек во мојот град кој оди бос со децении. Искрено се изненадив. Неговата анатомија и морфологија на стапалата се уредни, а тој има поразвиени мускули на стапалата, мускули на потколеницата и исто така има здебелена кожа на стапалата, што е еден вид превенција која организмот ја создава против повреди, изјавил д-р Марко Радовановиќ за Прва, специјалист по отропедија и трауматологија.

Имено, Александар последен пат облекол чевли пред 3 години.

-Сега можам да застанам и на стакло и ништо да не ми се случи. Планирам да одам бос се додека сум жив. Кога ќе облечам чевли се чувствувам поразлично. На овој начин моите нозе не се потат и не мора често да менувам чорапи, заклучува Александар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk