logo
logo
logo

Секое утро Марина ги пренесува своите деца по опасна рута: Пред да тргнеме се молам на Бога да останеме живи!

Vecer | 09.06.2021

Секое утро Марина ги пренесува своите деца по опасна рута: Пред да тргнеме се молам на Бога да останеме живи!

Три дечиња од село Машиќи во близина на Прибој со години одат на училиште со кајче. Нивната мајка Марина ги превезува, веслајки по реката Лим. Без разлика на временските услови тие секое утре ја имаат истата траса за да стигнат до уличиште. Велат најтешко и најризично за нив е кога ќе дува силен ветер бидејќи се плашат дека кајчето ќе се преврти.

Но она кое е најтрагично во целава приказна е што нејзините деца не знаат да пливаат. Меѓутоа ова скромно кајче е единствениот начин тие да стигнат до уличиште и да го продолжат своето образование. Доколку сакаат да стигнат пеш тогаш потребно е да кружат а за тоа им се потребни неколку часа. Семејството не поседува автомобил а организиран превоз за овие дечиња нема.

-Секое утре тргаме со Божја помош. Не ни е лесно но мораме. Стануваме околу 5 часот, децата се подготвуваат за училиште. Најпрвин пешачиме по шумата околу 20 минути а потоа не чека чамчето на бреговите на Лим. Мојот сопруг работи па само јас можам да ги превезам до спротивната страна. Многу ми е тешко. Лим е брза и длабока река. А моите деца се се уште мали и веројатно не се ни свесни за огромната опасност во која се наоѓаат. Но јас секое утре се будам и секоја вечер легнувам со кнедла во грлото, вели Марина.

Таа и открива дека до пред неколку години со овој превоз патувале 5 ученици. Но тие сега се средношколци, а членовите на овој необичен екипаж денес се двете ќерки на Марина и соседот Драгомир Дерикоњиќ кој е ученик во осмо одделение.

-Патот до училиштето е долг неколку километри и е во многу лоша состојба. Не смееме да ги пуштиме децата да одат сами по тој пат бидејќи има диви животни. Згора на се, наместо во 5 часот наутро тие ќе треба да станат во 3 се со цел да стигнат на време на првиот час, додава таа.

Ваквото дневно малтретирање и изложување на ризик би се намалило доколку општината се согласи да инвестира во асфалт. На тој начин ќе може да дојде минибус и да ги пренесе децата од браната до училиштетот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk