logo
logo
logo

ПРИМЕР ЗА ЦЕЛА ДИЈАСПОРА: Зошто баба Илинка и дедо Џуро оставиле милион евра за болните деца во Србија?

Vecer | 08.06.2021

ПРИМЕР ЗА ЦЕЛА ДИЈАСПОРА: Зошто баба Илинка и дедо Џуро оставиле милион евра за болните деца во Србија?

Во 2016та година во досега невиден акт, Институтот за здравствена заштита на мајки и деца од Белград добиле донација од преку 700 илјади евра.

Донаторот не бил некој познат актер или спортист, туку бабата Ининка и дедото Џуро Трифуновиќ – луѓе кои не живееле во Србија, туку се преселиле далеку од балканските простори.

-Институтот за здравствена заштита на мајки и деца во Белград доби донација вредна 750 илјади евра која беше регулирана преку тестаментот на Џуро и Илинка Трифуновиќ од Канада. Нивната донација, односно средствата добиени се инвестирани во уредување на повеќе оддели во оваа здравствена установа, како и набавка на медицинска опрема, стои во соопштението.

Имено, Трифуновиќи се по потекло од Далмација, а за време на Втората Светска војна избегале во Канада.

-Тоа е чин без преседан. Вакво нешто никогаш не се случило, барем во последниве 30 години колку што сум јас во здравството, изјавила тогаш Радоја Симиќ.

Впрочем, овој брачен пар цела своја заштеда ја оставил на болните деца во Србија и со тоа станале единствените донатори на здравствена установа во Србија за последните 30 години.

Бескрајна љубов

Трифуновиќи не биле обична брачна двојка. Според сведоштвото на нивниот адвокат тие биле во хармоничен и среќен брак цели 55 години.

И двајцата биле активни членови на српската заедница во дијаспората и му помагале на својот народ во Канада. Илинка имала две сестри кои тоа време живееле во Англија, а Џуро имал братучеди и внуци и правнуци но сепак тие решиле парите да не ги остават на семејството туку да им помогнат на српските деца.

Благодарение на нив, Институтот за мајки и деца целосно го реновираше Одделот за детска патологија – единственото одделение за патологија на Балканот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk