logo
logo
logo

Брнабиќ: КОСОВО Е НЕЗАВИСНО КОЛКУ ШТО Е БЕЛГРАДСКА НАСЕЛБА

Vecer | 07.06.2021

Брнабиќ: КОСОВО Е НЕЗАВИСНО КОЛКУ ШТО Е БЕЛГРАДСКА НАСЕЛБА

Српската премиерка Ана Брнабиќ, изјави дека Косово е независно колку и белградската населба Карабурба, и дека за српскиот парламент не постои косовски Устав.

Таа во дискусија со пратеникот Шаип Камбери истакна дека Косово ја стекна независноста без да праша никого и дека тоа е се уште српска провинција.

Во своето обраќање, за време на расправата во парламентот, на чиј дневен ред е Предлогот за промена на Уставот, Камбери рече дека нема сомнеж дека Уставот треба да се смени.

Тој додаде дека постојат бројни аргументи за промена на целиот Устав, а еден од нив е дека, како што велат, членот 1 ја дефинира Србија како држава на српскиот народ, што, според него, е проблематично од аспект на малцинствата.

Според него, малцинствата во Србија сочинуваат повеќе од 20 проценти од населението, а таквата дефиниција, вели тој, шири верување дека припадниците на заедниците од различно потекло се „граѓани од втор ред“.

Во таа смисла, тој ја наведе Црна Гора како пример, во чиј Устав, тврди тој, е наведено дека носител на суверенитетот е граѓанинот кој има црногорско државјанство, но и Косово, наведувајќи дека во членот 1 се вели дека „Република Косово е држава на нејзините граѓани“.

Преамбулата на Уставот, која ги дефинира Косово и Метохија како дел од Србија, е исто така проблематична за Камбери, бидејќи, како што рече, тоа претставува пречка за побрз напредок на патот кон ЕУ.

Премиерката  Ана Брнабиќ, истакна дека не е во ред да се повикува на устав на самопрогласено Косово во српскиот парламент, имајќи предвид дека тој е член на парламентот на земја која ги смета Косово и Метохија за своја територија и мора да го почитува тоа.

„Не е правилно да се повикувате на уставот на Косово затоа што сте член на Собранието во земјата чија територија е, тоа е наша провинција и мора да ја почитувате. Нема устав на Косово за овој дом, и тие ја стекнаа независноста без да прашаат никого, рече Брнабиќ.

Според неа, уставот на т.н. Косово и е важен исто како и независност да прогласила белградската населба Карабурма и да има напишано устав.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk