logo
logo
logo

БАЛКАНЦИТЕ ГИ СПОДЕЛИЈА СВОИТЕ ХОРОР ИСКУСТВА СО ЦИМЕРИТЕ: Се бањаше еднаш во 10 дена и ги донесе браќата и мајка му да живеат со нас!

Vecer | 02.06.2021

БАЛКАНЦИТЕ ГИ СПОДЕЛИЈА СВОИТЕ ХОРОР ИСКУСТВА СО ЦИМЕРИТЕ: Се бањаше еднаш во 10 дена и ги донесе браќата и мајка му да живеат со нас!

Голем дел од студентите на Балканот можат да посведочи околу тоа колку животот со цимер може да биде забавен. но истовремено може да биде и тежок и фрустрирачки, особено кога станува збор за цимери кои претходно не биле пријатели и чии навики се разликуваат.

Корисник на Редит побарал од неговите следачи да ги споделат убавите но и оние помалку убавите искуства или тој како што ги нарекува “хорор искуства” со своите цимери.

-Сакам да ве замолам да ги споделите вашите лоши и непријатни искуства со цимери, напишал тој и предизвикал лавина од коментари од млади луѓе кои со своите приказни шокирале и во најмала рака засрамиле многумина.

Имено, голем дел од коментарите биле поврзани со хигиената на цимерите, објаснувајќи дека токму таа е непријател број еден за заеднички живот.

-Делев стан со двајца цимери – едниот беше помлад од мене, а едниот постар. Постариот имаше 32 години, а помладиот 18 години. Во тоа време јас само што наполнив 23 години. Проблем имавме со најстариот цимер – не сакаше да се бања. Буквално стануваше, ќе ставеше дезедоранс и се облекуваше. Се бањаше еднаш на 10 дена и тоа тајно во 4 часот сабајле кога сите спиеме, е еден од коментарите на Редит.

Коментар врзан со хигиена напишала и една корисничка на Редит која истакнала дека овој проблем бил решавачки за да го прекине заедничкото живеење со својата цимерка во студентскиот дом.

-Нашите соби беа толку мали, буквално 3 на 3 квадрати а на таа квадратура го осеќаш секој мирис. Кога бев 4та година имав цимерка чија хигиена беше на завидно ниво но затоа па животот со неа беше пекол. Но кога бев 1ва година, мојата тогашна цимерка ја смени својата постелнина само еднаш – и тоа кога се вративме од одмор. Живеевме во смрдеа речиси еден месец бидејќи таа чуваше расипани велигденски јајца. Се сеќавам, дека случајно ни капна мед на нејзината постелнина и таа наместо да ја смени над неа постели ќебе и спиеше на истата со месеци. На нејзиното биро имаше чаша со кафе која седеше со месеци. Мувлата достигна и до пола сантиметар во висина, вели девојката.

Но освен за хигиената како проблем, корисниците на Редит споделиле и други проблеми кои се врзани за пари.

-Имав цимер кој беше незамисливо стиснат. Во станот бевме тројца а тој сакаше да купува се одделно, односно не сакаше да дели ништо со нас. Но, иако овој беше неговиот став сепак тој користеше се што беше наше – паста за заби, шампони, храна. Постојано го гасеше бољерот се со цел да не добие висока сметка за струја. Трагедијата е што токму тој беше богат – односно немаше проблеми со пари. Но неговото мото беше дека треба да штедиме дур имаме а не кога немаме, стои во еден од Редит коментарите.

Но, меѓу стотиците коментари врзани со проблеми како хигиена и финансии се издвоил коментарот на еден Редит корисниц кој споделил неверојатно искуство.

-Верувале или не, мојот цимер ги донесе неговите браќа и мајка да живеат со нас. Фала му на Бога што се отселив од таму многу брзо по ваквата случка. Искрено, не се знаеше кој е полуд во таа фамилија. Не можам да се сетам на конкретни ситуации но знам дека се чувствував ужасно, додава тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk