logo
logo
logo

ПЕСНИТЕ ЗА ТИТО ЦЕЛА ЈУГОСЛАВИЈА ГИ ЗНАЕШЕ НА ПАМЕТ: Илјадници млади на денешен ден го славеа роденденот на Јосип Броз Тито (видео)

Vecer | 25.05.2021

ПЕСНИТЕ ЗА ТИТО ЦЕЛА ЈУГОСЛАВИЈА ГИ ЗНАЕШЕ НА ПАМЕТ:  Илјадници млади на денешен ден го славеа роденденот на Јосип Броз Тито (видео)

Ширум Југославија на денешен ден го прославуваше роденденот на Тито. Се славеше како Ден на Младоста.

Песната “Тито е наше сонце“ премиерно е изведена на роденденот на Тито 25. мај 1979 година на стадионот ЈНА.

Сега со истата парола “Ние сме Титови и Тито е наш“ го посетуваат неговиот гроб и родното место потсетувајќи се на некогашната држава.

Куќата на цвеќето во Белград и родното место Кумровец во Хрватска редовно се посетува секој 25. мај од бројни почитувачи на ликот на некогашниот претседател на Југославија Јосип Броз Тито и идеите на социјализмот од регионот.

Инаку, Музејот на Југославија во Белград како и секоја година на Ден младоста овозможува, бесплатен влез во период од 10 до 21 часот, каде што е подготвена програма која претставува осврт на некогашниот југословенски празник Ден на младоста , од различни перспективи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk