logo
logo
logo

СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ, побара српското МВР

Vecer | 24.05.2021

СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ, побара српското МВР

Со цел да се заштити здравјето на вработените и да се создаде колективен имунитет, Министерството за внатрешни работи на Србија донесе одлука сите припадници на полицијата да бидат вакцинирани против коронавирусот.

Имајќи ги предвид спецификите на полициската работа и постојаниот контакт на полицијата со граѓаните, потребно е сите припадници на полицијата да се вакцинираат, освен оние за кои вакцинирањето не е можно од здравствени причини.

Вакцинацијата против вирусот КОВИД-19 е препорачана мерка од сите релевантни фактори - Кризниот штаб за спречување и сузбивање на заразната болест КОВИД-19, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут “.

Воедно вработените се должни, во согласност со Законот за безбедност и здравје при работа, да ги спроведат сите превентивни мерки на безбедност и здравје при работа, со цел да се зачува нивното здравје, како и здравјето на другите вработени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk