logo
logo
logo

“АКО НА ДРУГИТЕ ИМ Е СРАМ ДА ВИ КАЖАТ, ЕВЕ ЈАС ВИ ...“ Напнато на Брдо кај Крањ: Вербален конфликт Вучиќ и Вјоса Османи позади затворени врати

Vecer | 17.05.2021

“АКО НА ДРУГИТЕ ИМ Е СРАМ ДА ВИ КАЖАТ, ЕВЕ ЈАС ВИ ...“ Напнато на Брдо кај Крањ: Вербален конфликт Вучиќ и Вјоса Османи позади затворени врати

Вербален конфликт помеѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и Вјоса Османи, претседателка на Косово, го одбележал првиот пленарен состанок на лидерите од Западен Балкан во рамки на процесот на Брдо – Бриони кој се одржува денес на Брдо кај Крањ.

- Обидете се да постигнете, компромис, а тоа што ќе се заканувате со тужби, паднала мува на мечка, што би се рекло во нашиот народ – и порачал Вучиќ на Вјоси Османи за време на напнатиот разговор, пренесува Блиц.ср.

Османи најнапред протестирала бидејќи во заедничкиот документ, кој требал да биде усвоен, не се споменува поимот држава, а потоа ја обвинила Србија дека со идеата за менување на граници “ја руши косовската независност“.

Вучиќ одговорил дека Србија “не се согласува да ве наречеме countries – еве ќе ви кажам, ако на другата страна и е срам да ви кажат“.

- Што се однесува до промена на границите, вие ги променивте со отцепување на делови од територии на суверена држава. Не сте примени ни во ОН. Ние баравме да нема промени на граници, но од оние земји кои се правно и меѓународно признати. А не принципот кога Србија треба да се цепи тогаш може, кога некој друг прашува тогаш неможе – одговорил Вучиќ.

Османи повторно ја обвинила Србија за геноцид над косовските Албанци и ширење “малигно влијание на Косово“, и побарала да се подигне процес за исчезнатите...

-Им реков на состанокот на европските институции, вие да кажете на било кое место во Србија, бидејќи ние Косово го сметаме Српско, како и во централна Србија, каде се наоѓа било кое место каде што можат да се најдат исчезнатите, веднаш ќе ги откопаме. Но албанската страна брутално се спротивстави на нашата идеа, бидејќи и ние можеме да покажеме место, како на пример Ѓаковица, но се плашите да отворете, се плашите што би можеле да најдете – рекол Вучиќ.

Вучиќ ја обвинил Вјоси Османи дека приказната за правда и геноцид испраќа порака дека несака компромис и дијалог, бидејќи се надева дека сзаканување ќе го уплаши Белград.

Е, нема да има ништои од тоа. Малигното влијание, а тоа е прв збор кој на англиски треба даго научите, ја имаат оние кои сакаа да разоруваат суверени држави. Обидете се да постигнете компромис, а тоа што со тужи ќе се заканувате, паднала мува на мечка, што би се рекло во нашиот народ – рекол Вучиќ

Состанокот кој се одвивал зад затворени врати присуствувале претседателите од Западен Балкан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk