logo
logo
logo

Со бизарни алатки и киселина ги мачеле жртвите: Еве како го камуфлирале "местото на злосторот" за да ја скријат ДНК-та

Vecer | 16.05.2021

Со бизарни алатки и киселина ги мачеле жртвите: Еве како го камуфлирале "местото на злосторот" за да ја скријат ДНК-та

Криминалната банда на Веља Невоља мачеле и убивале луѓе на најмонструозни начини, пренесуваат српските медиуми.

Имено, тие толку добро ја камуфлирале тајната соба за тортура во Куќата на ужасот, што на полицијата и требало исказ од заштитен сведок за да успее да ја најде.

По откривањето на локацијата тие морале да го пробијат лажниот ѕид. А зад него се криела вистината за тоа како се мачени жртвите на оваа криминална банда.

Имено, во тајната соба се пронајдени бизарни алатки и арсенал оружје, но пронајдена е и индустриската мелница за месо. Освен алатките за тортура и убивање полицијата пронашла и отстранувачи на траги, гумени чизми и облеката што ја носеа, пренесува Блиц.

Од она кое може да се види на фотографијата, во тајната просторија имало и црн куфер во кој снајпер бил завиткан во целофан.

Во ТВ-емисија што прикажува снимки, српскиот претседател Александар Вучиќ тврди дека снајперот имал за цел да изврши атентат врз политичари, без да исклучи дека требало да биде мета тој самиот.

Откриле хируршки маски, ракавици, сунѓери, ролни од целофан, киселина и бројни средства за хигиена на подот и плакарот во просторијата, обидувајќи се да отстранат траги од крвта на жртвите. Имаа гумени чизми, па дури и гумени панталони и пластични експлозиви во вреќи на масата.

- Тие дури ги обоиле и тие простории, мислејќи дека така ќе ја сокријат ДНК - објасни Вучиќ.

ДНК анализата покажа дека најмалку четири жртви биле убиени во таа просторија. После брутална тортура, тие биле убивани и фрлани во делови. Полицијата верува дека остатоците најпрво биле фрлени во реката. Но некои, по наредба на наркобосот Радоје Звицер, биле менели во индустриската мелница за месо се со цел да направат ќебапи од човечко месо и да му ги испратат на Звицер како доказ за ликвидација.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk