logo
logo
logo

Балканците се разочарани од ЕУ, особено поради неуспехот да се обезбедат вакцини

Vecer | 12.05.2021

Балканците се разочарани од ЕУ, особено поради неуспехот да се обезбедат вакцини

Европската Унија мора да признае дека балканските држави ја губат вербата во долгата пристапна стратегија на Брисел, што дополнително се влоши со првичниот неуспех да обезбеди вакцини против ковид-19, се вели во внатрешен документ, во кој агенцијата „Ројтерс“ доби увид.

ЕУ и САД велат дека Албанија, БиХ, Косово, Северна Македонија. Црна Гора и Србија еден ден ќе станат членки на блокот, но Кина и Русија го зголемуваат своето влијание во регионот и го надмудрија Брисел така што побрзо му понудија ковид вакцини.

„Мора да признаеме дека и покрај постојаната посветеност кон интеграцијата во ЕУ, кај луѓето во регионот се јавува чувство на длабока разочараност од процесот на проширување. Перцепцијата за успорена испорака на вакцини против ковид-19 дополнително придонесе за разочарувањето“, се вели во документот од 5 мај, испратен до министерствата за надворешни работи на сите 27 членки на Унијата.

По долги години занемарување на регионот, Хрватска во мај 2020 организираше самит на ЕУ, на кој требаше да ѝ се даде нов поттик на интеграцијата на Балканот, при што се очекуваше Македонија и Албанија да почнат пристапни преговори до крајот на годината. Ова беше блокирано од Бугарија, една година откако тоа го направи и Франција.

Европската комисија инсистира Албанија и Македонија заедно да одат напред, но еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји неодамна во Скопје кажа дека само Албанија би требала да почне пристапни преговори.

Во документот се вели дека се успорени и пристапните преговори со Србија и Црна Гора, додека БиХ и Косово сè уште немаат добиено статус на кандидат за член.

„Широкораширена перцепција на Западен Балкан е дека изгледите за пристапување се намалуваат и дека европските инспирации се изгубени под сложен пакет на услови и процедури“, заклучува документот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk