logo
logo
logo

Србија од денес издава Ковид-пасоши: Еве што треба да направат Македонците вакцинирани во Србија за да добијат сертификат

Vecer | 12.05.2021

Србија од денес издава Ковид-пасоши: Еве што треба да направат Македонците вакцинирани во Србија за да добијат сертификат

Од денес граѓаните на Србија имаат пристап до унифицирана дигитална потврда за вакцинација против корона, но и платформа на која ќе можат да ги добијат резултатите од различните Ковид тестирања.

Покрај личните податоци, како име, презиме, матичен број, пол и број на пасош на платформата треба да се внесат и полињата за датум на прва и втора доза.

Сертификатот за вакцинација и тоа како изгледа е споделен од страна на еден Твитер корисник кој во својата објава и вели дека не поминале ни 10 секунди откога го поднел барањето и ја добил потврдата.

Дигиталниот зелен сертификат е всушност сертификат кој е електронски заверен и како таков не може да биде злоупотребен или фалсификуван.

Како да добиете дигитален зелен сертификат?

За да добиете ваков сертификат потребно е да бидете регистрирани на порталот eUprava. Откако ќе се најавите и ќе ја изберете услугата Digital Green Certificate ќе ви се појави опцијата Start service. Неопходно е граѓаните најпрвин да ги проверат своите податоци, односно да ја  потврдат својата адреса за е-пошта и за неколку миниту Сертификатот ќе го добиете на вашиот мејл.

Упатството за регистрација на порталот eUprava е достапна на самиот веб портал.

Со читање на GR кодот на Дигиталниот зелен сертификат го добивте следниот статус: зелената боја  доколку сте вакцинирани со две дози, или со една доза АстраЗенека, но и зелена боја за негативни резултати од ПСР тест или антигенски тест направен во последните 72 часа.

Српските портали пренесуваат дека најверојатно истата постапка за добивање на сертификат ќе важи и за странците кои се вакцинираа во Србија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk