logo
logo
logo

Втор ден "тепачка" за ваучери од 5.000 динари: Ред за вакцина во „Ушќе“ се фаќа уште во рани зори

Vecer | 07.05.2021

Втор ден "тепачка" за ваучери од 5.000 динари: Ред за вакцина во „Ушќе“ се фаќа уште во рани зори

Иако вчера вакцинирањето започна во 9 часот наутро, денес започнува во 12 часот, што не ги спречи граѓаните рано да станат и да го заземат своето место.

Огромна гужва и денес во трговскиот центар „Ушќе“ за вакцинирање. Редовите се формираа уште пред 8 часот наутро и сите брзаа по ваучер од 5.000 динари.

Иако вчера вакцинирањето започна во 9 часот наутро, денес започнува во 12 часот, што не ги спречи граѓаните рано да станат и да го заземат своето место.

Како што известуваат српските медиуми од лице место, присутните велат дека нема да се предадат и покрај тоа што чекаат неколку часа.

Инаку, вчера 350 лица беа вакцинирани во првиот час, па ваучерите за шопинг во вредност од 3.000 динари беа распродадени во првите 15 минути.

Денес првите 50 вакцинирани ќе добијат ваучер, но во вредност од 5.000 динари за набавки во продавниците на „Fashion & Friends“.

Што се однесува до сабота, првите 100 вакцинирани ќе добијат пакет подароци од „BG Electronic“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk