logo
logo
logo

СКАНДАЛ ја тресе Хрватска: Професорка побарала од учениците да ги покријат лицата со пешкир, но не знаела дека тие ја снимаат!

Vecer | 29.04.2021

СКАНДАЛ ја тресе Хрватска: Професорка побарала од учениците да ги покријат лицата со пешкир, но не знаела дека тие ја снимаат!

Учениците од прва година во Средното ветеринарно медицинско училиште во Загреб добија неочекувано барање од нивната професорка.

Ваквото барање не само што ги налути нивните родители, туку и ја разбесни целата хрватска јавност.

Впрочем, станува збор за професорката Босијка Видовиќ која го предава предметот физика.

Најпрвин, таа одбила да ги испрашува учениците онлајн па им соопштила дека имаат само два дена да се подготват за испитот кој од нигде никаде им го закажала за понеделник.

А во понеделникот, кога тие се уклучиле на онлајн платформата за учење, таа побарала од ученикот кого го испрашувала да го покрие лицето со пешкир, пишува Вечерни лист.

Родителите на учениците решила да го пријават инцидентот на директорот на училиштето Андреј Дурчевич, Агенцијата за образование, Просветниот инспекторат и Министерството за образование при тоа прашувајќи ги надлежните дали ќе има реакција за ваквото несоодветно однесување кон учениците.

Впрочем, како што изјавиле родителите, голем број на ученици се пожалиле од професорката, плашејќи се од нејзиното однесување. Тие им откриле на своите родители дека таа ги навредувала, понижувала но дека ваквото барање за прикривање на лицата со пешкир ја преминало границата.

Откако професорката побарала од учениците кои ги испрашувала да ги покријат своите лица, три од нив одбиле при тоа потенцирајќи дека не сакаат повеќе да се омаловажувани.

Ваквиот одговор ја разбеснило професорката по што забележала дека тие ученици не сакаат да одговараат на материјалот.

Но, она кое не го знаела професорката е дека учениците го снимале часот се со цел да докажат дека се предмет на навреди.

-За ваквиот инцидент дознав синоќа откако родителите на децата ми се јавија и ми раскажаа. Во тек се разговори па откако ќе ги утврдиме сите факти ќе можеме да кажеме повеќе, изјавил директорот на училиштето, Андреј.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk