logo
logo
logo

ВЕРТИКАЛНО ПАРКИРАЊЕ: Излетал од патот и се залепил на куќа (ФОТО)

Vecer | 14.04.2021

ВЕРТИКАЛНО ПАРКИРАЊЕ: Излетал од патот и се залепил на куќа (ФОТО)

Несекојдневна сообраќајна несреќа се случи утрово во Умчари, на периферијата на Белград - автомобил излета од патот и удри во куќа, но така што буквално вертикално се „залепи“ на ѕидот од куќата!

За среќа, возачот, кој воедно бил и единствениот сопатник, бил полесно повреден и бил згрижен во Службата за итни случаи во Гроцка.

Оваа фотографија се појави и на социјалните мрежи и веднаш стана вирална, а она што сите се прашуваат е: како успеа, а некои го нарекоа вертикално паркирање.

Стефан Милојевиќ од службата за информирање на општина Гроцка, на чија територија се наоѓа Умчари, вели дека оваа несреќа се случила утрово, помеѓу 10 и 11 часот и  е резултат на неприлагодена брзина и лизгав пат.

Колку и да е сама по себе невообичаена оваа несреќа, во Умчари велат дека на ова место често се случуваат несреќи.

Додуша, не на овој начин, како утрово, но тоа место е црната дамка на Гроцка.

- Има сообраќајна несреќа најмалку еднаш месечно - вели Милојевиќ за „Блиц“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk