logo
logo
logo

EУ треба да се СРАМИ! Фајненшел тајмс ја фали Србија: Политиката на Вучиќ од Србија создаде ЛИДЕР

Vecer | 14.04.2021

EУ треба да се СРАМИ! Фајненшел тајмс ја фали Србија: Политиката на Вучиќ од Србија создаде ЛИДЕР

Фајненшел тајмс објавил текст за “вакцина дипломатија“ на српскиот претседател Александар Вучиќ во кој објаснува како Србија станала лидер во регионот, но и во Европа.

Во бетонска сала од време на социјализмот покрај реката Сава, Србија ја менува својата меѓународна репутација и покажува дека дипломатија-вакцина не припаѓа само на глобалните сили – со овие зборови започнува текстот во Фајненшел тајмс.

Листот наведува дека Александар Вучиќ има добри односи со Пекинг и Москва, со што нарачал милиони вакцини и од исток и од запад. Како резултат на тоа Србија е меѓу првите европски земји која “управува со убоди“ произведени во Кина, заедно со рускиот Спутник V, Фајзер, Астра Зенека и Модерна.

Исто така се наведува дека Белград поделил вакцини со земјите од регионот, со што десетина илјади луѓе од цел Балкан во последно време доаѓаат во Србија да се вакцинираат.

Во текстот се зборува за некогашна Југославија за тоа како односите на Балканот до неодамна биле разнишани, дури и непријателски, но сега доаѓа едно ново поглавје во односите а сето тоа благодарение на претседателот на Србија и несебична одлука да подели вакцини со луѓето од Балканот.

“Многумина во регионот со благодарност гледаат на успехот на Србија во вакцинирањето. Вака позициониран Белград како регионална престолнина се враќа во друго поглавје, кога Белград беше главен град на Југославија...

“Почетокот на март, Вучиќ лично испорачал 10.000 вакцина Астра Зенека во БиХ, потоа слични донации во Црна Гора И Македонија. Неговата влада продолжува да донира дози ширум Балканот, додека ЕУ дури кон крај на март и дала на Босна првите 49.800 дози, набавени по пат на механизамот Ковакс“.

Поради тоа што Србија имала вакцини, поради тоа што има широк спектар понуди на вакцини, како и поради “вакцина дипломатија“ Вучиќ ја понижи Европската Унија која тоа не смеела да си дозволи, пишува Фајненшел тајмс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk