Заминувањето на младите е горлив проблем за земјите од Западниот Балкан.

Заминуваат и оние кои имаат сигурна работа и пристојна заработувачка. Земјите од регионот ги напуштаат лекари, информатичари, инженери, медицински персонал…

Но, според студија на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, а која се однесува на период помеѓу 2015та и 2019та година поголем е бројот на млади образовани луѓе кои се вратиле во Србија, отколку оние кои заминале од Србија.

Впрочем, доколку се земе во предвид ова истражување приказната за тоа дека има голем одлив на мозоци во Србија речиси и не постои.

Според податоците, во претходните 4 години (не сметајќи ја изминатата година која беше обележана со Ковид-19 пандемијата) во Србија се вратиле 90 илјади млади луѓе кои студирале во европските земји.

Според пензионираниот професор на Економскиот Факултет во Белград и член на Координативниот тим за управување со миграција, Владимир Гречиќ  и неговиот колега Михаил Арандаренко треба да се говори со огромна внимателност на темата миграција.

Младите заминуваат, но и се враќаат во Србија

Тие велат дека ваквото движење на младите не може да се нарече тренд, бидејќи динамиката на миграцијата е прилично тешка за следење.

Арандаренко додава дека Србија нема пристап до вакви податоци, односно дека таа ги црпи од имиграциската статистика на земјите во кои заминуваат Србите.

Според нивните сознанија, Србите најмногу заминуваат во Европа, поточно подобар живот бараат во земји како Словачка, Словенија, Хрватска, Чешка, Полска, Малта каде најчесто остануваат само за време на летната сезона. По завршување на летото тие се враќаат дома.

Па оттаму тие сметаат дека приказната за заминување на мозоците од Србија не постои.

-Секако, има случаи на високообразовани луѓе кои ја напуштаат Србија, меѓутоа има и такви кои по студиите се враќаат дома. Единствена земја со која имаме навистина проблем во однос на одлив на луѓе е Германија, која има апетит не само за образованите Срби туку и за другите образовани лица од регионот, вели Арандаренко за Спутник рс.

Србија има погрешен дискурс

Ваквите бројки од истражувањето на Виенскиот институт може да бидат навестување – но само доколку продолжат позитивните трендови.

Но она кое тие го посочуваат е дека дискурсот на Србија е погрешен и дека досега се сметале само бруто податоци за тоа колку луѓе останале.

-Ова не треба да значи дека станува збор за некој посебен престврт. Никој не вели дека младите не заминуваат, но тоа беше преставено премногу драматично и тоа само поради фактот дека немаме бројки како држава, заклучуваат професорите.

Тие и истакнуваат дека според извештаите на Светскиот економски форум, Србија секогаш била најлоша во однос на одливот на високообразовани луѓе. Меѓутоа тие извештаи не се базираат на реални податоци, туку на ставот на анкетирани менаџери кои само го пумпаат заднички дискурс на државата. А дискурсот е дека сите млади, паметни и талентирани заминуваат од Србија.

Young people with suitcase in airport

-Општо прифатената приказна за големиот одзив на мозоци од Србија всушност нема основа ако се земав во обзир податоците, а истото е потврдено со студијата на Виенскиот инситутит, вели Гречиќ.

Според него, ваквата студија на Виенскиот институт е од исклучителна важност и тој искрено се надева дека истата ќе ја натера Србија да ги согледа работите со поладна глава и да се потпре на податоците.

Не е возможно да се сопре миграцијата

Професорот смета дека е одлично што младите од земјите од поранешна Југославија доаѓаат да студираат во Србија и остануваат по студиите.

-Тоа ни дава предност во однос на другите земји во регионот. Белград е голем град, има можности и ги привлекува младите. Многу млади од регионот не го сметаат Белград како странски град туку напротив, тука се чувствуваат како дома. Ова е одлична можност за Србија и треба да продолжи да ја гради ваквата идеја, додава тој.

Професорите во разговор за Спутник.рс се сложни дека е невозможно да се сопре миграцијата и заминувањето на младите во светот кои сакаат да учат и да поминат извесно време во одредена држава.

SEATTLE, WA – MARCH 08: Sukhneet Dhillon (L), age 11, and her family arrive from a flight from India that went through Tokyo at the SeattleTacoma International Airport (also known as Sea-Tac Airport) on March 8, 2020 in Seattle, Washington. The airline industry is seeing a global slowdown as a result of the novel coronavirus, COVID-19. (Photo by Karen Ducey/Getty Images)

-Она на кое треба да се обрне внимание е да се спречи трајната миграција и државата да отвори можности за младите да останат во земјава, да работат тука и да имаат убав живот, додаваат тие.

Не е најважна платата

Гречиќ пак смета дека младите треба да заминат на студирање со цел да стекнат пракса и искуства кои подоцна би ги имплентирале во својата држава. Од таа причина, тој вели дека тие по студирањето треба да се вратат во Србија.

-Мислам дека во нашата земја моментално постои добра тенденција да се создадат поволни услови за оние млади кои студираат надвор. Дали ќе се вратат и дали ќе ги задржиме талентираните луѓе најмогу зависи од атмосферата во општеството и во условите за убаво секојдневие. Платата не е најважна. Колку целовкупната атмосфера во Србија е подобра, попривлечна, толку ќе биде поголем и бројот на оние кои ќе се вратат и останат дома, завршува тој.