logo
logo
logo

Вучиќ за извештајот за Србија: Голи лаги, ЕП се има изгубено во времето и просторот

Vecer | 26.03.2021

Вучиќ за извештајот за Србија: Голи лаги, ЕП се има изгубено во времето и просторот

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска оцени дека „голите лаги“ во извештајот на Европскиот парламент (ЕП) за напредокот на Србија кон пристапувањето во ЕУ биле „откриени“ ден претходно.

Цитирајќи делови од извештајот, тој оцени дека европратениците се „изгубени во времето и просторот“.

„Се чини дека прочитаа извештај од 2011 година, а не од 2021 година“, им рече претседателот на новинарите за време на посетата на градилиштето на мостот над Сава кај Шабац.

Коментирајќи ги деловите од извештајот на ЕП во кои се споменува „недостаток на медицинска опрема“ за борба против епидемијата на коронавирус и недоволната експертиза на лекарите во Србија, Вучиќ рече дека европратениците „кажале сè само за себе“ со усвојување на тој документ.

„Ние тестираме повеќе од 80 проценти од земјите на ЕУ и тие нè осудуваат! Немаме недостаток на опрема, сега имаме 500 респиратори во магацинот токму затоа што не се потпиравме на нив. Ова е доволно за луѓето да видат какви голи лаги користат“, рече тој.

Посочи дека „би сакал да види“ ревизија на стапката на смртност од коронавирус и „колку навистина се жртви“ на таа инфекција во земјите на ЕУ.

„Нема да дозволам да ги напаѓаат нашите лекари затоа што тие покажаа дека се попрофесионални од нивните. Кога зборуваат за вакцините, која од нивните земји има повеќе вакцини или спроведува вакцинација подобро од Србија? Само нека си ја завршат својата работа и нека објаснат како се подобри во вакцинацијата, а нашите доктори се полоши “, рече Вучиќ.

Во врска со делот од извештајот во кој ЕП изразува загриженост за „кампањата за делегитимирање на независноста на Косово“, Вучиќ рече дека е горд на тоа и дека ќе продолжи да работи на делегитимирање на независноста на Косово „за инат на Европскиот парламент“.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk