logo
logo
logo

Крвавиот рекет на Веља Невоља тежи 5 милиони евра: Дел од парите се закопани, дел се крипто-валути

Vecer | 15.03.2021

Крвавиот рекет на Веља Невоља тежи 5 милиони евра: Дел од парите се закопани, дел се крипто-валути

Според најновите оперативни наоди од истрагата на српското министерство за внатрешни работи, соработниците на Веjко Беливук (35), познат како Веља Невоља изминативе две години купиле биткоини во вредност од 5 милиони евра.

Но отежнителна околност за властите е што оваа огромна сума не можат да ја лоцираат ниту пак да ја запленат. Впрочем, крипто-валутите можат да се купуваат и продаваат само со посебни кодови познати само на сопственикот.

Според сознанијата, но и извор близок на истрагата меѓу 20-те соработници на Веља кои беа уапсени на 4ти фебруари бил и програмер.

- Тој млад човек му помогна на Беливук во набавката на шифрираната апликација „Скај“, преку која членовите на бандата комуницираа и испраќаа снимки од тортурата и касапењето на жртвите. Сепак, се сомнева дека програмерот му помогнал на Веља да сокрие значителен дел од парите од криминалот со купување криптовалута преку шифрирани и тајни податоци. Се проценува дека на тој начин биле скриени најмалку 5 милиони евра - објаснува изворот и додава дека тоа е само мал дел од парите што бандата на Веља ги заработил од продажба на дрога, рекет и други злосторства.

Исто така, според сознанија на истрагата се верува дека голема количина пари биле закопани на тајни локации низ цела Србија, а веројатно станува збор за најмалку десетици милиони евра.

Потеклото на парите не може да се лоцира

Адвокатот Александар Милосављевиќ, поранешен заменик во Обвинителството за високотехнолошки криминал на Србија, објасни дека примарниот интерес за купување криптовалути е „неможноста да се следи потеклото на парите“.

- Друг не помалку важен мотив е можноста за плаќање со криптовалути без да се провери потеклото. Фактот дека вредноста на овие криптовалути расте вртоглаво е само бонус во сето тоа, рече Милосавjeевиќ.

Да потсетиме, полицијата во соработка со БИА го уапси Вељко Беливук, водачот на партизанската навивачка група „Принципи“, како и Марко Миjковиќ Марет (29) и 20 нивни најблиски соработници, по неколкумесечно следење на 4 февруари.

Беливук и неговата банда се обвинети за повеќе убиства, изнуда, осакатување на жртвите, рекет и трговија со дрога.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk