logo
logo
logo

Вулин предупредува: Мафијата во Србија е многу моќна со неограничено многу пари!

Vecer | 11.03.2021

Вулин предупредува: Мафијата во Србија е многу моќна со неограничено многу пари!

"Мафијата во Србија е многу моќна и располага со неограничени пари кои секогаш прозборуваат", ова го изјави денес српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин додавајќи дека се прави обид за релативизирање на постоењето на криминална група на Вељко Беливук чии членови се уапсени.

Вулин за РТС оцени дека се прават обиди да се смени јавното мислење со одржување прес-конференции и секој ден да се говори дека уапсената криминална група е жртва, дека сето тоа е политика, дека не е криминал.

Тој посочи дека МВР располага со големо количество податоци, а како пример наведе 44 запленети скај телефони.

-Замислете колку тука има податоци, броеви, контакти, фотографии од пораки, кажа Вулин, додавајќи дека полицијата првата вечер упаднала на 30 локации и дека бројот се зголемил после тоа, како и бројот на испрашувани и осомничени.

Тој додаде дека истрагата за криминалните групата на Вељко Беливук не се стеснува, туку се шири и дека секој ден пристигнуваат нови информации и да „без никакво сомневање” може да се очекуваат уште апсења.

На прашањето за апсењето на поранешниот заменик началник на Службата за борба против организираниот криминал (СБПОК), Горан Папиќ, Вулин кажа дека Папиќ е обвинет за користење на својата позиција и влијание така што наредил враќање на одземено возило со блинкер на Марко Миљковиќ, соработник на Веља Невоља.

Кога станува збор за испрашувањето на поранешниот функционер на Партизан, Владимир Вулетиќ, кој изјави дека снимката од неговиот разговор со Вељко Беливук е монтирана, Вулин изјави дека полицијата не се занимава со фалсификати и монтирања.

-Што се однесува до улогата на поранешниот државен секретар во МВР, Дијана Хркаловиќ, во незаконското прислушување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, министерот на полицијата оцени дека „тоа е завршено” и дека сите докази се предадени на обвинителството.

-Ние ги предадовме сите докази на надлежното обвинителство и тука е објаснета нејзината улога, како и на сите други членови на МВР кои учествуваа во нелегалното прислушување на Вучиќ и членовите на неговото семејство, изјави Вулин за РТС.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk