logo
logo
logo

Нови докази за свирепите ликвидации на кланот на Беливук: Пронајдени фотографии од сакатење на луѓе

Vecer | 05.03.2021

Нови докази за свирепите ликвидации на кланот на Беливук: Пронајдени фотографии од сакатење на луѓе

Српската полиција пронајде клучни докази против криминалните групи на Вељко Беливук наречен Веља Невоља, Марко Миљковиќ и Дарко Елез, во текот на вештачењето на мобилните телефони на припадниците на овие екипи, како и на нивните соработници.

Во нивните телефони се пронајдени видеа на кои се гледаат свирепи злосторства. Видеата се снимани со цел да бидат условувани и заплашувани останатите ривали и потенцијални жртви на овој криминален клан.

Во телефонот на една од приведените девојки, се пронајдени фотографии од сакатење на луѓе, објавуват српските медиуми.

Во меѓувреме иако сензационалистички најавени, снимките од бруталните убиства, вчера не беа пуштени во јавноста.

Најавата дека видеата ќе бидат објавени во медиумите од кои ќе се згрози целиот свет, очигледно е пролонгирано бидејќи родителите на исчезнатите млади момчиња кои се водат за исчезнати и за кои се смета дека се дел од видео снимките побараа од претседателот Вучиќ да не објавува фотографии и снимки од монструозните убиства на кланот на Веља Невоља.

Засега српските власти најавуваат дека видеата би можеле да излезат во јавноста за време на предстојниот викенд.

Инаку, групата на Веља Невоља е уапсена пред еден месец на различни локации и тоа во момент кога сите тргнале да ги запалат автомобилите за да уништат траги од злосторства.

Оваа криминална група се сомничи за најгнасни криминални дела како киднапирања, мачења и убиства. Осомничена е дека стои и за исчезнувањето на повеќе од 10 мажи во Белград.

Засега се осомничени за три свирепи убиства, а опсежната истрага против припадниците на овој клан се уште е во тек – пребарани се сите локации кои ги користела оваа криминална група, засолништата, сефовите, но и ноќните клубови кои ги обезбедувале и во кои поминувале подолго време.

Во тек се сослушувања на сите кои имаат некакви врски со оваа опасна криминална организација, која меѓудругото, тесно соработувала со црногорскиот кавачки клан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk