logo
logo
logo

Измачуван, убиен и посипан со киселина: Во викендицата на Вељо Невоља најдени остатоци од телото убиениот фитнес тренер

Vecer | 27.02.2021

Измачуван, убиен и посипан со киселина: Во викендицата на Вељо Невоља најдени остатоци од телото убиениот фитнес тренер

Полицијата откри остатоци од човечко тело за кои постои сомневање дека му припаѓале на Јова Кецман (51), фитнес инструктор кој исчезна на 24 септември 2020 година во Мали Мокри Луг во Белград, и за кој се сомнева дека е една од жртвите на кланот на Вељко Беливук, дознава Курир.

Во тек е експертиза за ДНК, која треба со сигурност да потврди дали се пронајдени остатоците на Кецман.

Од првиот ден истражителите се сомневале дека тимот на Веља Невоља стои зад исчезнувањето на Кецман.

На тренерот му сe губи трагата, кога, според семејството, отишол да се сретне со некоги. Кога последен пат излегол од куќата, тој не го понел мобилен телефон, но зел 16.000 евра.

Како што претходно изјавил неговиот татко, Кецман зел кредит и позајмил дел од парите, но тој не му кажал зошто. Според него, син му не бил криминалец, ниту пак некогаш имал врска со Партизан, тој дури и не одел на натпревари.

-Интересно е што Кецман некогаш беше тренер на манекенката Дејана Живковиќ, поранешна невенчана сопруга на Јован Вукотиќ, наводниот водач на шкаљарскиот клан, вели соговорник за Курир.

Кланот на Беливук соработувал со кавачкиот клан, кој е во војна со ривалскиот, шкаљарски клан, двата од Котор.

Веља Невоља и неговите луѓе се сомничат за киднапирања, трговија со дрога, поседување оружје, но и најмалку десет убиства.

Сите жртви беа измамени да дојдат на состанок, а потоа беа одведени во куќа во Ритопек близу Белград и таму, како што се сомнева, биле брутално измачувани, а потоа и убиени.

Тие се обидувале да ги уништат телата во киселина, со цел да ги прикријат доказите за злосторството. Сепак, камерите го забележале влезот на жртвите во викенд куќата на хоророт, а беа собрани и други докази, врз основа на кои се сомнева дека жртвите никогаш не заминале од таму.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk