logo
logo
logo

Албанија повторно во локдаун?

Vecer | 17.02.2021

Албанија повторно во локдаун?

Не ја исклучуваме можноста за второ затворање на Албанија поради влошената состојба со пандемијата, вели Претседателката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата и заменик министер за здравство, Мира Ракацоли.

Според неа ситуацијата во Албанија во моментов е критична.

-Во предлозите што ги дадовме не го сторивме тоа гледајќи го искуството на другите земји, но во согласност со ситуацијата. Значи, секоја мерка што е донесена во согласност со бројот и епидемилошката анализа. Мерките секогаш биле преземани во согласност со нивото на инфекции и во согласност со она што епидемиолошката наука го сугерира за тие бројки, какви мерки треба да се преземат, изјавила Ракацоли.

Иако признала дека ситуацијата е критична, Ракацоли додава дека „никогаш нема да се случи да нема места во болниците“.

-Ситуацијата е деликатна, но продолжуваме да ја држиме под контрола. Никогаш нема дозволме да се случи да не можеме да одиме во болница, рекла таа.

Заменик министерот го отфрли тврдењата на Академијата на науките во последната публкаицја, дека е постигнат имунитет кај населението и појасни дека Институтот за јавно здравје спроведува студија за заразата од Ковид-19.

-Не веруваме дека постигнавме имунитет на населението. Институтот за јавно здравје спроведува студија за процентот на луѓе кои го прележале опасниот вирус, додала Ракацоли.

Поради влошената епдемолошка состојба и се поголемиот број зарзени на кои им е потрено болничко лекување, освен четирите ковид болници во Тирана, од понеделникот веќе функционираат ковид центрите во регионалните болници во Драч и Скадар а подготвени се и оние во Корча, Валона и Елбасан.в

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk