logo
logo
logo

ЕУ: “Нема промена на косовските граници, не ни треба нова Република Српска“

Vecer | 13.02.2021

ЕУ: “Нема промена на косовските граници, не ни треба нова Република Српска“

Во интервју за Косово Онлајн, известувачот на Европскиот парламент за Косово Виола фон Крамон зборуваше за признавањето на Косово од страна на Израел и за претстојните косовски избори.

На прашањето дали мисли дека и Србија сега ќе отвори амбасада во Ерусалим или ќе се откаже, Фон Крамон одговори: „Немам идеја, не е моја работа тоа што го прави Србија, тоа е нејзина работа и не сакам да коментирам тоа “.

Говорејќи за претстојните избори на во Косово, односно фактот дека се сменија три влади за краток временски период, фон Крамон посочува дека тоа е лошо, и не само за регионот. „Ако сакате да изградите држава, потребна ви е стабилност, мора да имате програма, мора да изградите мрежа, ви требаат партнери во министерствата“, додаде таа.

Во врска со изјавите на Рамуш Харадинај за распишување референдум за обединување на Косово и Албанија, известувачот на ЕП за Косово вели дека границите се фиксни и „дека ЕУ не сака да ги менува границите кон Албанија, Србија или која било друга земја. секако дека не можеме да се согласиме со тој предлог “.

На прашањето како гледате на оние политичари кои го изедначуваат проблемот на Косово и БиХ, таа одговори:

„Мислам дека тоа е сосема друга работа и прашање, но ние имаме проблем со Република Српска и мора да видиме како ќе го решиме. Ние мора да го спречиме тоа. Друга Република Српска не ни треба во северно Косово и затоа генерално би сакала да го гледам ова како две одделни прашања. Ние во ЕУ го третираме како две многу различни работи “.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk