Турција:

34 луѓе осудени на доживотен затвор за обид за убиство на Ердоган

Турскиот суд денеска осуди 34 луѓе на доживотен затвор за обид за убиство на претседателот Реџеп Таип Ердоган за време на неуспешниот обид за пуч на 15 јули минатата година.

Турскиот суд денеска осуди 34 луѓе на доживотен затвор за обид за убиство на претседателот Реџеп Таип Ердоган за време на неуспешниот обид за пуч на 15 јули минатата година.

Судот во градот Мугла, на југозападот на Турција, осуди група од 34 лица на доживотен затвор, а ослободен е еден поранешен војник. На уште тројца обвинети ќе им се суди одвоено, а меѓу нив се наоѓа и поранешниот имам Фетула Ѓулен кого турските власти го сметаат за главен организатор на државниот удар.

Ѓулен, кој живее во САД, негира каква било вмешаност во пучот, а нему му се суди во отсуство.

Поврзани

Најнови вести

Коментари