Хрватските медиуми наведуваат дека во нивната земја има најмалку 238 лица за кои  не се знае која вакцина ја примиле.

Според хрватскиот портал 24сата.хр, хрватскиот институт за јавно здравје навистина не знае точно колкава е точната бројка бидејќи не се регистрирани во системот, односно не знаат дали примиле вакцина АстраЗенека, Фајзер или Модерна. Затоа, се поставува прашањето како тие ќе бидат ревакцинирани.

Како што забележуваат во хрватскиот институт за јавно здравје, нема причина за загриженост затоа што планираат наскоро и официјално да објават дека Хрватска ќе започне со практика на мешање на дози.

Во некои земји на ЕУ, велат тие, веќе го прават тоа, па дури и се препорачува, на пример, да добијат Фајзер како втора, ако првата доза е АстраЗенека. Според нивната најава, тоа всушност ќе создаде уште подобар имунитет.

Сепак, хрватскиот институт за јавно здравје не знае како настанале овие 238 „изгубени“ луѓе и претпоставуваат дека производителот на вакцини не бил регистриран за време на вакцинацијата.

Во Хрватска, вакцините за коронавирус се даваат од четири производители: АстраЗенека, Фајзер, Модерна и Џонсон и Џонсон