logo
logo
logo

СЕДНИЦА ТРАЕЛА ТРИ МИНУТИ Пропаднал и вториот обид за избор на нов претседател на Албанија

Vecer | 24.05.2022

СЕДНИЦА ТРАЕЛА ТРИ МИНУТИ Пропаднал и вториот обид за избор на нов претседател на Албанија

На седница која траела само три минути пропаднал и вториот обид на албанскиот парламнт да одбере нов претседател на Албанија, пренесува албанскиот ABC njuz.

Од Правната комисија, соопштено е дека не била поднесена ниедна кандитаура. Мнозинтвото порано најавила дека нивниот предлог ќе стигне во четвртиот и петиот круг, со што на предлог на опозицијата им ги оставиле првите два круга, пренесува Telegraf.

Шефот на пратеничката група на Социјалистичка партија Тауљант Бела рекол дека во третиот круг за избор на нов шеф на државата мнозинството повторно ќе и го препушти на опозицијата предлог на имињата на кандидатите, а потоа сама ќе гласа во четвртиот круг.

Спрема уставните измени од 2008 година, предвидено е да во првиот круг за претседател на Републиката да се избира со не помалку од 84 гласа, како би се добил споразумен претседател, додека во четвртиот и петиот круг ќе се избира со 71 глас.

Со обзир на актуелната политичка ситуација, како што пренесува ABC njuz, јасно е дека за новото име на претседател ќе се одлучува во четвртиот круг. Третиот круг се очекува на 30. мај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk