logo
logo
logo

ЦЕЛ СВЕТ ОДУШЕВЕН ОД ОДБРАНАТА НА ВУЧИЌ ЗА НОВАК! Австралијанците порачуваат: Ех, нашиот премиер да е како него...(видео)

Vecer | 15.01.2022

ЦЕЛ СВЕТ ОДУШЕВЕН ОД ОДБРАНАТА НА ВУЧИЌ ЗА НОВАК! Австралијанците порачуваат: Ех, нашиот премиер да е како него...(видео)

Престседателот на Србија Александар Вучиќ го одушевил цел свет со неодамнешната видео-порака за подршка на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.

Шефот на државата на својот Инстаграм дал подршка на Ѓоковиќ по повод нападот и притисокот на кој тој е изложен во Австралија во предходните  денови.

И пред видео-пораката претседателот Вучиќ јавно зборувал дека Србија ќе направи се за да му помогне на српскиот тенисер, лично тој двапати се слушнал со Ѓоковиќ кога Новак бил во притвор во хотелот за мигранти.

Со пораката на Инстаграм, претседателот на Србија го одушевил цел свет. Видео пораката одекнала и во Австралија, а претседателот добил големо почитување бидејќи покажал како се бори за сите граѓани на Србија.

Австралискиот новинар Ави Јемини на својот Твитер објавил дека Ѓоковиќ и Србија ја имаат неговата поршка.

Поедини Австралијанци српскиот претседател го споредиле со нивниот премиер Скот Морисон.

Во таа прилика истакнале дека тој молчи кога станува збор за основачот на Викиликс Џулијан Асанж.

Така на Твитер се појавила објава каде што се наведува дека тешко е да се замисли свет во кој државник на некоја земњичка ги брани своите граѓани.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ го прашува Скот Морисон зошто го малтретираат Новак Ѓоковиќ – напишал еден Твитераш.

На истата мреже еден корисник поставил прашање во кој го споменува Вучиќ и премиерот Морисон.

- Ако австралискиот премиер Скот Морисон застане позади Џулијан Асанж како што и претседателот на Србија Александар Вучиќ позади Новак Ѓоковиќ, ќе ја има мојата почит. Но наместо почитување, чуствувам само презир. Светот тоа исто така го гледа – напишал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk