logo
logo
logo

1000 ЕВРА ЗА МИЕЊЕ САДОВИ и пак немаат доволно работници

Vecer | 31.07.2021

1000 ЕВРА ЗА МИЕЊЕ САДОВИ и пак немаат доволно работници

Невработеноста во Хрватска можеби повеќе не е проблем. Постои хроничен недостаток на работници во населени места како што се Кордун и Банија, Лика и Горски Котар, но штом се разбуди туризмот, Јадранот повторно покажа недостаток на работници од сите профили - готвачи, рецепционери, келнери, собарки и чистачи, возачи и трговци.

Мајстори нема ни за лек, и ако се појави дефект, може да се збогувате со поправка до септември или октомври.

Луѓето едноставно не пристигнуваат на сите страни, а од работа им е преку глава, пишува Слободна Далмација.

Во екот на сезоната, туризмот пука по шавови. Резервациите пристигнуваат во последен момент. Никој не се подготвил за ваков наплив на гости, па во последниве денови често има ситуации во кои нема кој да обезбедува услуги за сместување, или изнајмување автомобили на странци, а во многу ресторани, поради недостаток на работна сила, едвај престигаат на време.

Ниту ниската цена на трудот веќе не е проблем. Во рекордната 2019 година, платите на готвачите, како дефицитарни и ценети поради природата на нивната работа, значително се зголемија, но тие се уште недостасуваат затоа што се барани овде и во странство, а за добар готвач никој не жали пари.

Миењето на садови во кујна и персоналот којшто му помага на готвачот се работни места за кои не е потребно посебно знаење, туку само добра волја, се плаќаат илјада евра (осум илјади куни) нето, но сепак недостасуваат оние што би работеле во тие позиции.

Каде се причините за недостаток на работна сила? Што се случуваше во Хрватска во последните години?

Со децении луѓето лелекаат „нема работа, младите не работат“, а сега се се сврте наопаку.

„Проблемот е комплексен. Станавме жртви на сопствениот успех и квалитетот што го постигнавме во одредени области. Еве, гледајте фудбал. Ние сме втори во светот. Нашите талентирани играчи играат претежно во странски клубови, бидејќи добија многу подобри понуди таму, така што тие логично дека ги искористија тие шенаси. Што се однесува до нашата угостителска понуда, но исто така и гледајќи го целиот сектор на услуги воопшто, знаеме дека ја работиме оваа работа и ја работиме подобро и подобро од година во година. Нашите готвачи, келнери, но и фризери, масери, трговци ..., добиваат подобри понуди од Европа, така што докажаниот добар персонал завршува во Германија или Ирска", вели Иво Врдоjак, сопственик на ресторан во Сплит.

Врдоjак е на мислење дека заминувањето на работната сила преку граница може да се запре само со паметна и систематска државна политика.

„За среќа, јас го немам тој проблем, бидејќи собрав добар тим на време, но некои работодавци во Хрватска се принудени да ангажираат каква било работна сила затоа што едноставно не можат да изберат. Несфатливо е да доаѓаат млади од нашите средни училишта и факултети кои не знаат скоро ништо за работата за која се школувале. Наместо да учат за угостителство, тие решаваат математички проблеми кои и мене ме мачеле, кој бев одличен математичар и одев на натпревари“, вели Врдоjак.

Тој додава дека „Европа, од една страна, го привлекува најдобриот персонал со подобри плати, свесни дека ние ги работиме тие работи подобро од нив, бидејќи Хрватска има поголемо искуство во угостителството заради туризмот, да речеме, од Германците, а од друга страна , образованието не се прилагоди на пазарот на трудот“.

Работодавачите трошат многу време за да ги обучуваат младите по завршувањето на училиштето за одредени работни места што им се потребни, посочува тој.

Врдоjак не смета дека проблемот е во сезоната на туризмот, бидејќи во зима нема потреба од толку работна сила како во летните месеци, туку е кај пристапот кон работата.

„Работите се прилично едноставни. Ако некому навистина му треба работа, плата, и ако тоа зависи од егзистенцијата затоа што нема друг приход, тогаш сигурно нема да биде важно колку долго ќе работи, но веднаш ќе започне со работа. Не смее да им дозволи на невработените да добиваат надомест во Бирото за вработување и да работат нелегално. Но, ова не се решава со драконски казни, туку со создавање стимулативна деловна атмосфера во која таквото однесување ќе стане исклучок, бидејќи едноставно нема да се исплати“, Заклучи Врдоjак.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk