logo
logo
logo

Продолжува гаснењето на пожарот на Евија, евакуациите се во тек

Vecer | 05.07.2025

Продолжува гаснењето на пожарот на Евија, евакуациите се во тек

ЕВИЈА – Пожарникарите на грчкиот остров Евија продолжуваат со напорите за гаснење на пожарот што избувна во општината Каристос, поточно во областа Месохори, а евакуацијата на населението е во тек, објави утрово „Катимерини“.

Пожарот што избувна синоќа брзо се прошири и зафати агрошумарско земјиште, а за гаснење на пожарот се користат и воздушни средства.

Операциите за гаснење на пожарот продолжија во текот на целата ноќ, а утрово околу шест часот, во операцијата повторно беше вклучена воздушна противпожарна опрема.

Според извештајот на ЕРТ, се очекува во текот на денот да бидат распоредени дополнителни воздушни ресурси за да се стави пожарот под контрола, додека ситуацијата е малку подобра отколку во претходните часови.

Сепак, во областа сè уште дуваат силни ветрови, што ги отежнува напорите, истакнува гореспоменатиот портал.

Во меѓувреме, властите издадоа наредби за евакуација.

Утрово околу четири часот, преку бројот 112 беше испратена нова порака до сите граѓани во областа Цакаи, кои беа поканети веднаш да ги напуштат своите домови и да се преселат во Неа Стира.

Исто така, непосредно пред 3:30 часот наутро, на жителите во областа Лимнионас им е испратена истата порака, со упатства да се упатат кон Неа Стира преку Цакаи.

Досега пожарот не зафатил населено место, а пожарникарите се надеваат дека ќе успеат да ги локализираат пламените јазици пред да се прошират во селата.

Според извештаите, пожарот е сè уште во критична фаза на развој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk