На црногорскиот државјанин од малезиско потекло Веи Сенг Пуи вчера му започна судење во кинеската провинција Макао, како што објавуваат црногорските Вијести, затоа што предводел криминална група која организирала нелегални обложувања во вредност од над 560 милиони евра. За ова кривично дело е предвидена затворска казна до три години.

 Веи Сенг Пуа, попознат како Пол Пуа, во 2013 година станал црногорски државјанин. Според новинската агенција судењето вклучува 15 обвинети обвинети  мешу кои и Црногорецот, малезиски професионален коцкар.

Тие се обвинети за нелегални операции на обложување во хотелските соби на Вин Макао за време на Светското првенство во 2014 година, кога само првата недела од работата, како што објави полицијата, имале промет од над петстотини милиони евра!