logo
logo
logo

Во Бразил измерена највисоката температура досега

Vecer | 21.11.2023

Во Бразил измерена највисоката температура досега

Рекордот беше соборен во неделата во градот Арасуаи, во југоисточната бразилска држава Минас Жераис, соопштија официјални лица. Невидената жештина се припишува на феноменот Ел Нињо и климатските промени. Синоптичарите рекоа дека жештината веројатно ќе се намали оваа недела.

Официјални лица на Националниот институт за метеорологија (Инмет) соопштија дека во трите главни градови на бразилските држави ќе бидат забележани температури до 40 степени, пренесе Си-Ен-Ен Бразил. Претходниот температурен рекорд беше 44,7 степени и беше измерен во 2005 година.

Поради жештините, црвени предупредувања беа издадени во делови од земјата, еден месец пред почетокот на летото на јужната хемисфера. Потрошувачката на енергија во Бразил скокна на рекордно ниво, бидејќи луѓето се обидуваат да се разладат со клима уреди. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk