Целта на програмата е развој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење.
-Во рамките на Неделата на грижа за стари лица се организираат повеќе активности и тоа: информативни точки - мерење на крвен притисок и гликемија во крвта на три локации во Скопје: автобуска постојка Зелен пазар, пазар Буњаковец и ТЦ Бисер, фризерско и козметичко студио во дневните центри за стари лица во ДХО „Даре Џамбаз“, ООЦК Чаир и Сарај во соработка со средното училиште СУГС „Димитар Влахов”, хуманитарен базар во Веро Џамбо, три информативни работилници со старите лица за правата од социјална и здравствена заштита и организирање на мобилни тимови во домашни услови кај стари и изнемоштени лица со поддршка на UNFPA и централен настан во Дом на култура „Кочо Рацин“, хуманитарна изложба „Сеќавања од минатото” со почеток од 18 до 20 часот, информираат од Црвениот Крст.
Овој сервис е поддржан од страна на Град Скопје, Албиз Фондацијата, Швајцарски Црвен крст и Министерство за труд и социјална политика. Преку програмата на активности се вклучени 200 стари лица во домашни услови и повеќе од 1500 лица на месечна основа во дневни центри за стари лица. /MИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата