logo
logo
logo

Хутите објавија снимка од запленување на британски брод во Црвеното Море (ВИДЕО)

Vecer | 20.11.2023

Хутите објавија снимка од запленување на британски брод во Црвеното Море (ВИДЕО)

На видеото се гледа како вооружени лица се симнуваат од хеликоптер и го киднапираат Galaxy Leader во јужниот дел на Црвеното Море. Хутите тврдат дека бродот е поврзан со Израел, објави Скај Њуз.

Меѓутоа, Израел вели дека бил во британска сопственост и управуван од Јапонци. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврди дека ова е чин на ирански тероризам.

Хутите се дел од регионалната алијанса поврзана со Иран во која се вклучени и Хамас и либанскиот Хезболах, иако нема докази дека Техеран наредил запленување на бродот вчера.

Погледнете го видеото подолу.

Хутите изминатиот викенд повторно предупредија дека ќе ги таргетираат „сите бродови“ поврзани со Израел. Јахја Сареа, нивниот воен портпарол, на Твитер порача дека тоа е одговор на „израелско-американската агресија“ и дека тоа значи за бродови што пловат под израелско знаме или управувани од израелски компании.

Сареа ги повика земјите да не дозволуваат нивните државјани да работат на овие бродови, како и да престанат да соработуваат со нив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk